1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што се даночни оази и како да пресушат?

Кој има пари, сака и да ги задржи. Затоа, штедењето на данок е омилена метода. Подолго време таква можност постои во т.н. „даночни оази“. Ова во иднина треба да се смени. Што е даночна оаза и како може да пресуши?

default

Меѓународните мерки влијаат на пресушување на оазите

Со поимот „даночна оаза“ се означуваат мали земји или области, каде важат особено ниски даноци. За лицата или претпријатијата од државите каде постојат високи даноци, ова може да биде поттик за менување на местото на живеење или седиштето на фирмата. Во повеќето случаи се избираат офшор - финансиски простори, кои се карактеризираат со ниски даноци, строго чувани банкарски тајни и минимален финансиски надзор.

Bildgalerie Reizworte der Wahl Unternehmenssteuer

Фирми застапувани само од поштенски сандачиња

Типично за даночните оази е и големиот број на така наречени фирми со поштенско сандаче. Тие во номиналното седиште на претпријатието имаат само поштенско сандаче, а фирмата всушност се наоѓа во друго место.

Честопати како даночни оази служат малите острови, често станува збор за поранешни британски колонии или депенданси. Оттука офшор - финансиските простори не треба да се сфатат географски, туку повеќе правно: овие финансиски простори се надвор од правните норми. Еден таков остров е Џерси. Тој е најголем остров на Ламанш и се наоѓа во директна сопственост на кралската куќа. Како посебен правен субјект, островот не е дел од ЕУ. Џерси на богатите во светот со децении им служеше како безбедно пристаниште, за да ги спасат парите од финансиските власти во нивните матични земји. Даночниот систем на островот им даваше повластици на мултимилионерите: тие плаќаа само пет проценти ефективен данок на плата, додека лицата со просечна заработувачка плаќаат 20 отсто данок. Голем број банки и хеџфондови исто така ја користеа ситуацијата во која речиси не постои финансиски надзор, за непречено да ги вршат своите деловни активности.

Климата се менува

Во рамките на борбата со светската финансиска криза, Г20 државите на средбата на почетокот на април во Лондон постигнаа согласност да преземат мерки против даночните оази ширум светот. Потоа ОЕЦД објави „црна“, „сива“ и „бела“ листа. Овие листи нудат информации колку поединечни земји ги спроведуваат меѓународните стандарди во практика.

Под закана на трговски и економски санкции, земјите наведени на листите во меѓувреме или се обврзаа на меѓународните стандарди и во голема мера ги применуваат, или најавија подготвеност да го потпишат договорот на ОЕЦД. На овој начин црната листа се испразни. А Џерси, островот кој склучи договори за размена на информации со 12 држави, во меѓувреме се смета како пример: некогашната „даночана оаза“ е примена на „белата листа“.


Автор: Зоран Арбутина / Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска