1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што сега со парите на Гадафи?

Кому му припаѓаат милијардите од нафтата, кои Моамер ел- Гадафи ги заработи во 42 години на власт во Либија. Бунтовниците бараат ослободување на парите на Гадафи замрзнати во банките во странство.

default

Долгогодишниот властодржец во Либија, Моамер ел Гадафи

Колку милијарди навистина има депонирано во странство долгогодишниот властодржец во Либија Моамер ел-Гадафи, веројатно никогаш нема целосно да се разоткрие. Според проценките, би требало да се 80 до 150 милијарди американски долари. Барем еден дел од ова богатство можеше да се пронајде и да се замрзне. САД ги блокираа банкарските сметки на Гадафи. ЕУ исто така ги замрзна пронајдените пари на властодржецот. Се претпоставува дека уште многу милијарди се депонирани во Швајцарија и многу африкански држави.

Вистински момент?

Либискиот Преоден совет сега го бара ова богатство назад. Меѓутоа експертите и политичарите не се единствени во ставот за тоа дали навистина има смисол уште сега овие средства да им се стават на располагање на бунтовниците. „Финансиските средства во моментов се најневажни за обновата на Либија“, вели Маркус Каим , раководител на Истражувачката група за безбедност во Фондацијата за наука и политика од Берлин.

„Либија е финансиски добростоечка благодарение на приходите од нафта и гас и сега највисок приоритет не се парите, туку воспоставувањето безбедност и развојот на политичките институции“, додава Каим.

NO FLASH Libyen Tripolis Übergangsrat Ali Tarhouni

Али Тархуни (во средина)е министер за финансии во Преодниот совет. Тој бара враќање на парите на Гадафи во Либија

Сосема поинаков е ставот на Хамаси ел-Ауни, доцент за политика и економија на Слободниот универзитет во Берлин. Според него, исплатата на средствата на Гадафи на преодната влада во Либија веќе е задоцнета. Овие пари уште одамна ќе му дојдеа добро на Преодниот совет, вели политикологот со потекло од Тунис. „Либија многу страда од недостаток на медицински апарати, лекови, а нема и образуван кадар“ , вели ел-Ауни, истакнувајќи дека мора што е можно побргу замрзнатите сретства да бидат ослободени за со нив да може да му се помогне на цивилното население во Либија, кое во моментов страда.

Ослободување на парите во замена за договори за нафта?

Libyen Öl Produktion Preis

Со експлоатацијата на нафта и гас во Либија се прават вносни зделки

Досега ОН ослободија 1,5 милијарди долари од богатството на Гадафи, кои беа замрзнати во САД. И Италија веќе најави дека на бунтовниците на располагање ќе им стави З50 милиони евра, меѓутоа не без задна намера: италијанската и други национални влади, имено, намирисаа еден голем бизнис, смета Маркус Каим:

„За многу договори за експлоатација на нафта и на гас треба сега наново да се преговора. Притоа, некои влади сигурно имаат оправдани надежи дека нивните нафтени компании ќе бидат во предност“, уверен е Каим.

И додека некои држави предничат, во ЕУ оди тешко со можното одмрзнување на милијардите на Гадафи. Пред се’ затоа што досега во Либија недостасуваа државни институции кои би можеле правилно да постапуваат со парите, објаснува Јоахим Херстер, член на Комисијата за надворешна политика во германскиот Бундестаг и експерт за Блискиот Исток.

„Затоа во рамките на ЕУ најнапред ќе биде проверено дали овие средства со чиста совест може да им се предадат на бунтовниците“, вели Херстер.

Контрола преку ОН?

Annan spricht zur Vollversammlung

Дали е воопшто реалистична ефикасна контрола на либиските пари од страна на ОН?

Овој аргумент, според Хамади ел-Ауни, не држи. Освен во некои африкански држави, либискиот Преоден совет е признат ширум светот како единствен легитимен претставник на либискиот народ, вели Ел Ауни.

„Затоа парите со право му припаѓаат нему, а управувањето со овие пари може, доколку е потребно, да биде контролирано од соодветна комисија на ОН. Но, во основа станува збор за либиски пари, а не за донации од Западот“, дополнува политикологот.

Меѓутоа, дали воопшто е можно и реалистично да се контролира употребата на парите во Либија? Една таква задача би била преголем залак за секоја влада, смета германскиот парламентарец Јохим Херстер:

„Дури и ако НАТО-сојузниците сега, при обновата на Либија, говорат со заеднички јазик и се грижат за тоа да дејствуваат до договорени постапки, не може да се гарантира дека парите секогаш и во секој случај ќе дојдат на вистинско место“, истакнува Херстер.

Чекање на резолуција од ОН

Многу држави затоа сакаат да причекаат со исплатата на парите на Гадафи, барем до моментот додека за тоа не биде усвоена јасна резолуција на ОН. Ваквиот став го дели и германската влада. Со право, смета пратеникот Јоахим Херстер, зашто дури тогаш ќе биде јасно дека парите во согласност со меѓународното право ќе му бидат доделени на новото либиско раководство. 

Автор: Томас Лачман/ Симе Недевски

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM