1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што работи ИАЕА?

Советот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија денеска (26.05.2009) дебатира околу наследникот на досегашниот шеф на агенцијата, Мохамед Ел Барадеј. Кои се надлежностите на ИАЕА?

default

Седиштето на Меѓународната агенција за атомска енергија во Виена

Меѓународната агенција за атомска енергија - ИАЕА е формирана во 1957 година, на иницијатива на САД. Причина - загриженоста во светот поради се‘ поголемото ширење на атомското оружје. Агенцијата има седиште во Виена и во нејзе се вработени околу 2.200 луѓе од над 90 земји во светот. Таа е автономна научно-техничка организација, која има посебен статус во системот на ОН.

Агенцијата треба да дава поттик за мирнодопско користење на атомската енергија и примена на радиоактивни супстанци во мирновременски цели, како и да ја поттикнува меѓународната соработка и истовремено, преку мерки на надзор, т.н. „сејфгардс“, да спречи користење на оваа технологија во воени цели, како на пример ширење на нуклеарно оружје. Освен тоа, ИАЕА го контролира и спроведувањето на Договорот за неширење на нуклеарно вооружување, кој стапи на сила во 1970

IAEA Logo mit EU Logo

Логото на ИАЕА

година и кој треба да дава поттик пред се‘ за мирновременско користење на атомската енергија.

Меѓународните атомски власти, конкретно, спроведуваат програми за подобрување на безбедноста на атомските постројки и подготвуваат форум за договарање на меѓународни стандарди во оваа сфера. Агенцијата внимава на физичката заштита на нуклеарниот материјал за тој да не биде злоупотребуван, односно за, на пример, да се спречи шверц со вакви материи. ИАЕА ја контролира и употребата на нуклеарниот материјал и остатоците од него во нукеларните постројки во рамки на „сејфгардс“ - договорот кој го имаат склучено државите што членуваат во Агенцијата. На тој начин, треба да се осигура дека постројките во коишто се врши контрола служат исклучиво само за добивање нукеларна енергија во мирновременски цели.

Нобелова награда за мир

Меѓународните атомски власти во Виена редовно го известуваат Генералното собрание на ОН и Советот за

IAEA Direktor Mohamed El Baradei

Кој ќе го наследи Мохамед Ел Барадеј?

безбедност, доколку се утврди закана за меѓународната безбедност. Телото за донесување одлуки на Агенцијата е 35-члениот Совет на гувернери, кој заседава пет пати годишно. Генералното собрание, на кое можат да учествуваат сите 144 држави членки, заседава еднаш годишно.

Во последно време, ИАЕА предизвика внимание во светот пред се‘ со мисиите во Ирак, пред почетокот на војната во 2003 година, како и со својата работа во Северна Кореја и во Иран. За нејзиниот ангажман, Меѓународната агенција за атомска енергија заедно со нејзиниот генерален директор, Мохамед Ел Барадеј, во 2005 година ја доби Нобеловата награда за мир.


Автор: Сонила Санд / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска