1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што правеше шефот на Гугл во Северна Кореја?

Севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун неодамна најави реформи во неговата земја. Шефот на Гугл, Ерик Шмит, сега го „фаќа за збор“. При посетата на Северна Кореја тој побарал слободен пристап до интернет.

Доколку граѓаните немаат пристап до интернет, Северна Кореја ризикува да заостане уште повеќе во економски поглед, вели шефот на Гугл Ерик Шмит. Тој бил во посета на комунистичката земја за да размени мислења околу користењето на интернет, изјави Шмит по заминувањето од Северна Кореја. Пред новинарите во Пекинг тој уште рече дека интернет-сферата во Северна Кореја е многу рестриктивна, пренесува јужнокорејската агенција Јонхап.

Без средба со затворениот Американец

Шмит нагласува дека неговото патување заедно со екс-гувернерот на америкаската сојузна држава Њу Мексико, Бил Ричардсон, било чисто приватно. Шмит и Ричардсон исто така наведоа дека за време на посетата на Северна Кореја не се сретнале со лидерот Ким Јонг Ун. Немало ниту средба со

Nordkorea USA Google Chef Eric Schmidt und Bill Richardson in Pyongyang

Шмит и Ричардсон во Пјонгјанг

затворениот американски граѓанин Кенет Би, кој беше уапсен во ноември. Тој во Северна Кореја пристигнал како турист и, според официјални наводи, конфронтиран е со обвинувања дека сторил злосторства против државата. Ричардсон неодамна соопшти дека синот на затворениот Би му се обратил со барање за помош. Ричардсон ја познава состојбата во Северна Кореја, поради тоа што во изминатите 20 години постојано преговараше со тамошниот режим за ослободување на уапсени американски државјани.

Каква е вистинската причина и позадина на патувањето на Шмит и Ричардсон останува нејасно. Двајцата ниту ја претставуваа американската влада ниту Гугл на ова патување. Американското министерство за надворешни работи дури ја критикуваше нивната посета како „неконструктивна“.