1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што по „невозможната мисија“ на Кофи Анан?

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун најави продолжување на посредувањето меѓу конфликтните партии во Сирија и по оставката на специјалниот пратеник Кофи Анан.

Дипломатијата може да буде успешна само ако двете страни „изричито се изјаснат во прилог на дијалог и ако меѓународната зедница е единствена во негова поддршка“, изјави Бан Ки Мун во Њујорк. Барањето на наследник на Анан веќе започнало.

Американската министерка за надворешни работи, Хилари Клинтон го пофали „неуморниот ангажман“ на досегашниот специјален пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија, Кофи Анан, за запирање на кривопролевањето во Сирија.

„За жал, Советот за безбедност на ОН беше спречен да му помогне да напредува во својата мисија“, изјави Клинтон, индиректно критикувајќи Русија и Кина, кои со вето досега повеќепати спречуваа донесување резолуции.

САД: Виновни се Русија и Кина

Владата во Вашингтон истовремено остро го критикуваше сирискиот претседател Башар ал Асад, кој „ продолжува со бруталните убиства врз сопствениот народ“ и мора да ја напушти функцијата. Асад и натаму употребува тешко оружје во градовите и ги ополномоштува своите војсководци да го убиваат сирискиот народ во негово име, изјави Џеј Карни, портпаролот на Белата куќа.

И Германија ги обвини Кина и Русија за оставката на посредникот на ОН во сирискиот конфликт Кофи Анан.

„Јасно е дека Анан поднесе оставка поради политиката на Русија и Кина во Советот за безбедност. Време е овие две земји да престанат да го штитат Башар Ал Асад“, изјави шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле.

Москва и Пекинг изразија жалење поради оставката на Анан.

Генералното Собрание на ОН денеска треба да гласа за нови санкции против режимот во Сирија.

Мисијата сепак „неостварлива“?

Анан вчера поднесе оставка на функцијата и објасни дека една од причините за потегот се постојаните кавги и поделеноста во Советот за безбедност на ОН меѓу западните земји од една, и Кина и Русија од друга страна.

Фрустриран и поради ескалацијата на насилството во Сирија, вчера на прес-конференцијата во Женева изјави дека ја прифатил мисијата која некои од почеток ја оценија како „неостварлива“ со желба да помогне во напѓањето мирно решени за кризата во Сирија.

За жал, не можам да ги продолжам напорите, зашто немам целосна поддршка од Советот за безбедност на ОН, изјави Анан, со остри зборови напаѓајќи го режимот на Асад и барајќи негова оставка.