1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Што по истекот на Спогодбата за стабилизација и асоцијација!?

Македонија од 2011 година ќе се отвори за безцарински увоз на производи од ЕУ. Какви ќе бидат последиците по домашната економија, засега е неизвесно. Од владата се оптимисти, бизнис заедницата сугерира на конкуренцијата.

default

Шест месеци пред истекот на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ, македонските власти не покажуваат загриженост околу евентуалните последици од обврската за целосна либерзализација на пазарот. Од први јануари 2011 година, Македонија ќе биде земја која целосно ќе го отвори пазарот за слободен влез на европските производи, без притоа да се прилагоди на новите правила на игра.

Нема да има царина за увоз на брашно, зејтин, шеќер, месо, зеленчук и овошје, кои сега се штитат со високи царини. Како ќе се заштити домашната прехранбена и преработувачка индустрија од налетот на поевтини и поконкурентни стоки од увоз засега е нејасно.

EU Flagge im Wind

Од Стопанската комора се благи оптимисти дека на пазарот нема да се случи шок, пред се’ заради можноста домашната преработувачка индустрија да увезува евтини суровини од ЕУ. Оттаму советуваат компаниите уште сега да ги прилагодат бизнис плановите за идната година со новите царински стапки, вели Љубица Нури: „Компанијата ќе треба да знае што треба да направи, дали да оди на ценовно прилагодување, или ќе треба да најде внатрешни резерви со што ќе овозможи производите да добијат некои други атрибути кои ќе ја оправдаат поголемата цена на производот од оние што ќе се увезуваат“.

Иако во протоколот од Спогодбата јасно стои дека пазарот целосно се либерализира, од министерството за економија велат дека тоа ќе се однесувало само на индустриските производи. Најчувствителните прехранбени производи и натаму ќе се штителе со квоти, вели Билјана Додевска Стојановска. Според нејзе квотите за увоз на кондиторски производи, млечни производи и јагнешкото месо ќе бидат мали, а доколклу има поголем увоз на овие производи ќе се наплаќало царина.

Иако властите тврдат дека нема причина за загриженост, експертите предупредуваат дека со целосната либерзализација Македонија ќе ја загуби можноста за воведување квоти за одредени производи.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Александра Трајковска