1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што по барањето на Палестинците за признавање?

Што може да се случи ако претседателот на Палестинците Махмуд Абас денеска сепак го поднесе барањето за признавање суверена држава во ОН?

default

Палестинскиот претседател Махмуд Абас

Ако сите дипломатски напори и разубедувања сепак не вродат со плод и претседателот на Палестинците Махмуд Абас сепак попладнево го поднесе најавеното барање за признавање полноправно членство за Палестина во ООН, тогаш документот прво ќе го проверат правните служби на Светската организација. Доколку е се’ во ред, барањето влегува во процедура прво во еден одбор, што го сочинуваат членките на Советот за безбедност. Таму барањето на Палестинците треба да ја добие согласноста од најмалку девет од вкупно 15-те членки на Советот, за воопшто да може да се гласа за него. Овој процес на разгледување на барањето меѓутоа може да потрае со месеци, па и со години. Дури потоа барањето се поднесува на гласање во Советот за безбедност.

Obama UN

Американскиот претседател Барак Обама

Непопуларна мерка

САД воопшто не сакаат да дозволат барањето за признавање да стигне до тој стадиум. Светската супер сила се труди максимално да ја обезбеди поддршката на вкупно 7 членки на Советот, кои ќе се спротистават на поднесувањето на предлогот на гласање. Само ако тоа им појде од рака на Американците, тогаш ќе можат да се извлечат од непопуларното ставање вето во Советот. Американската политика имено стравува од голема загуба на популарноста во арапскиот свет и нов бра насилство, доколку биде приморана да посегне по последното средство. Во секој случај, поради отпорот на Американците, Палестинците речиси немаат шанси да добијат меѓународно признание како суверена државна творба.

Има ли алтернатива?

Тие имаат и „план Б“. Главниот преговарач на Палестинците Набил Шаат порачува дека доколку сегашниот обид пропадне, тогаш тие ќе поднесат барање за признавање до Генералното собрание на ОН.

Tony Blair in Ramallahmit Mahmud Abbas und Nabil Schaath

Преговарачот Набил Шаат (во средина) со претседателот Абас и пратеникот на Блиско-источниот квартет Тони Блер

Тоа пак нема право да ја признае државата на Палестинците како полноправна членка на Светската организација, туку само како „држава набљудувач“. Но, и со тоа Палестинците би добиле многу. Прво, во нивниот статус ќе стои поимот држава, иако само набљудувач, а не полноправна членка. Второ, со тој статус ќе добијат право да поднесуваат тужби пред Меѓународнииот кривичен суд - дури и против Израел. Токму тоа сакаат да го спречат САД и некои од членките на ЕУ. Тие се обидуваат во таков случај дополнително да го ограничат статусот на Палестина.

Долготраен процес

Иако сите овие дипломатски процедури можат да трааат со месеци, па и со години, Палестинците нагласуваат дека ќе бидат трпеливи. Според нив, веќе сегашниот развој на ситуацијата е голем успех, појаснува претставникот на Палестинците во ОН, Ријад Мансур: „Како и да е, нашето постоење како држава не се доведува повеќе под прашање - се’ едно каков статус ќе добиеме во ОН“. Во тој случај Махмуд Абас не би можел да се врати на автономните подрачја во Западниот брег со посакуваната голема победа, но затоа барем со морална победа што сепак заслужува голема почит.

Автор: Томас Шмит / Горан Чутаноски

Редактор: Борис Георгиевски

DW.COM