1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што по банкротот на САД?

Технички погледнато, земјата веќе нема да може да ги исплаќа обврските кон странските доверители, ниту кон домашните граѓани, кои земаат плата од државниот буџет. Но, опасноста не завршува тука.

default

Едно е јасно - доколку најголемата економија во светот следниот вторник (2.8.) прогласи банкрот, заслабнатата конјуnктура ќе забележи невиден пад, смета финансискиот аналитичар Грег Мекбрајд. „Ако Чичко Сем банкротира, навистина имаме проблем. Не станува збор само за зголемени кредитни камати, туку воопштo ќе немаме пристап до кредити. Ќе има масовни отпуштања, а ќе настрадаат и пензиските осигурувања на граѓаните“, вели Мекбрајд.

Од таквата ситуација нема да биде погодено само американското стопанство, туку целиот свет, ги потсети Американците шефицата на ММФ, Кристин Лагард. Меѓународните финансиски пазари се` уште покажуваат изненадувачка опуштеност. Меѓутоа, температурата на берзите постeпeно расте. Избегнувањето на доларот како платежно средство почна веќе одамна, цената на златото достигна рекодна вредност. Тоа е само предвесник на она што доаѓа, смета Бен Вајт, економски новинар од Вол Стрит. Вајт предвидува дека меѓународните пазари ќе ги фати паника најдоцна кон крајот на неделава, доколку кај политичарите до тогаш не се забележи напредок во преговорите.

ein Jahr Obama Flash-Galerie

Долгот ќе го плаќаат обичните граѓани

Можната инсолвентност на САД не им предизвикува главоболки само на големите инвеститори. Просечниот Американец исто така се прашува какви последици ќе има банкротот за него. Поранешната вице-претседателка на Американската централна банка, Алис Рајвлин, јасно нагласува оти во случај пазарите да ја изгубат довербата во САД, каматите драстично ќе се зголемат. „Тогаш поголеми камати нема да плаќа само владата, туку сите ние, и тоа за се`! Ќе имаме нова рецесија“, вознемирена е Рајвлин.

Но, што точно ќе се случи по евентуалниот банкрот на суперсилата - се` уште не може со сигурност да се каже. Притоа подигањето на границата на државно задолжување не е ништо ниво. Претходниот претседател Џорџ Буш тоа го стори седум пати. Истото го направи и Роналд Реган во 1987 година. И тој мораше да се бори со Конгресот околу подигањето на максималната граница, која тогаш нормално беше многу пониска. Но, стравовите беа исти како денес - рекордни камати, нестабилни пазари и уште поголем државен дефицит.

Автор: Улрике Ремер/Трајче Тосев

Редактор: Симе Недевски