1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што планира владата во Атина?

Новиот министер за финансии на Грција Јанис Стурнарас е исправен пред планина проблеми и работа - дома мора да спроведува реформи, надвор за притиска за нови преговори за мерките за штедење. Ќе има ли крај на рецесијата?

Конзервативците, социјалистите и умерената левица во коалициониот договор запишаа дека од Брисел ќе бараат две години дополнително време за постигнување на целите за штедење. Освен тоа, владејачките партии сакаат да поделат и изборни подароци кои се спротивни на задачите за штедење: платите веќе да не се кратат, данокот на додадена вредност да биде значително намален, реформите на пазарот на работна сила да се преиспитаат повторно. И, со партнерите во ЕУ да се преговара наново околу пакетот мерки за спас.

Професорот по економија Димитрис Мардас е скептичен: „Нови преговори околу пакетот за спас воопшто не можат да се спроведат. Партнерите од ЕУ нема да сакаат да чепкаат ниту во структурните реформи и мерките за модернизација“, предупредува грчкиот економист во телевизиско интервју. Наспроти тоа, временското одолговлекување на мерките за штедење е не само можно, туку и задолжително, а освен тоа и во интерес на доверителите. Во спротивно, Грција со оглед на ограничените средства воопшто не би била во состојба да ги врати долговите, вели професор Мардас.

Syntagma Platz in Athen

Што ќе добијат граѓаните од сите ветувања?

На повидок нема крај на рекордната рецесија

Најновите податоци од Атина се потврда на ваквите грижи. Според извештајот на Институтот за економски истражувања КЕПЕ, грчката економија годинава ќе забележи многу поголем пад отколку што првично се очекуваше. За третиот квартал од 2012 година дури се стравува од минус од 9,1 процент. Во таков случај, договорените мерки за штедење од 11,5 милијaрди евра нема да бидат доволни за стабилизирање на буџетот ниту за годинава, оценува економскиот аналитичар Никос Филипидис.

„Наместо договорените 11,5 милијарди, ќе бидат потребни најмалку 14 милијарди евра, доколку се сака да бидат направени извесни корекции во целите за буџетот или преговори за пакетот мерки за спас“, изјави Филипидис за телевизијата Скај. „Наредниот месец ќе биде клучен за новата влада. При празни каси нови преговори се неопходни најдоцна до крајот на јули, а дотогаш владата едноставно ќе импровизира за да ги затне буџетските дупки“, смета економскиот аналитичар од Атина.

Дали и кога точно грчката влада ќе поднесе барање за нови преговори за пакетот мерки за спас е нејасно. Во своите први изјави по изборите, премиерот Самарас, за разлика од она што се зборуваше во текот на кампањата, рече дека земјата ќе се држи до своите обврски. Конзервативните политичари оттогаш постојано повторуваат дека владата се држи до својата цел за нови преговори, но прво мора да го врати својот углед како партнер за преговори од доверба, со тоа што ќе ги спроведува структурните реформи и приватизацијата.

Која е вистинската стратегија на преговарање?

Вакви изјави може да се сфатат како тактичко повлекување или како обид да се добие на време. Новинарот и поранешен портпарол на владата Димитрис Циодрас во телевизиско интервју објасни дека Грција ќе презема чекор по чекор и веќе на самитот во Брисе ќе ги отвори картите, без притоа да ги налути партнерите од ЕУ.

„Нашата стратегија се заснова врз три точки. Прво, сакаме да останеме во еврозоната и за тоа да ги пспроведеме неопходните мерки. Второ, согласни сме со целите за штедење, но сакаме да разговараме за некои аспекти до пакетот мерки за спас, зашто не можеме да ја игнорираме социјалната реланост во нашата земја. Трето, навреме ќе ги платиме државните долгови“, нагласува Циодрас.