1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Што очекува германската економија од новата година?

Машинското инженерство, автомобилската индустрија, електротехниката, хемијата и производствените материјали – тоа се најголемите столбови на германската индустрија. Таа ширум светот има добра репутација.

default

Расположението за состојбата со економијата е полошо отколку пред една година

Но, што ќе се случува во услови на криза? Германската индустрија во годинава што изминува имаше импресивна потврда за репутацијата. Сепак, должничката криза ги погодува и најјаките компании, како што покажува резултатот од едно актуелно истражување.

Институтот за германска економија од Келн ги испитува на крајот на секоја година очекувањата на 46 стопански организации за годината што доаѓа. Постои цврста потврда дека расположението во моментов е полошо отколку пред 12 месеци. Тоа го рекле 23 од 46 испитани трговски асоцијации.

„Значи, тоа што е очигледно во оваа генерално мрачна атмосфера е во спротивност со конкретните, бомбастични изјави за развој во поединечни индустрии“, изјави Михаел Хитер, директор на Институтот за германска економија од Келн.

Лелеци на високо ниво

10. Jahrestag Einführung des Euro als Bargeld

Ако се погледне поблиску ќе се види пооптимистичка слика за економијата

Експертот со тоа сака да каже - ако се погледне поблиску ќе се открие пооптимистичка слика, отколку таа што може да се очекува со дадените драматично ниски прогнози на раст за 2012-та. Зашто, токму германските клучни индустрии се полни верба: автомобилската, машинската и хемиската индустрија, занаетчиството и градежништвото очекуваат зголемување или најмалку останување на исто ниво на приходите. Вкупно 26 од 46 организации се согласуваат со овој позитивен став. Тие сметаат на поголеми приходи или на поголемо производство отколку во 2011-та година. Останати девет индустрии очекуваат константни бројки.

Сите се согласни дека должничката криза и нејзините последици и понатаму ќе ја кочат економијата, а исто така и секторите со рекордни продажби се убедени во тоа. Дали се работи само за жалење и лелекање на високо ниво?

„Тоа не е лелекање, туку е несигурност, бидејќи не може во моментов со сигурност да се предвиди во кој правец би можела кризата уште да ескалира, ниту дали ја имаме под контрола. Го има ли политиката тоа под контрола? Бидејќи се работи за политичка тема“, прашува Хитер.

Песимизам за финансискиот сектор и енергетиката

Windenergie in Brandenburg

Мора да се надокнади губитокот на енергијата и да се инвестира во искористувањето на обновливата енергија

Германската економија добро заработи во 2011-та година и не сака оваа добивка да исчезне во заштеди. 29 организации, значи мнозинството, очекуваат во новата година повеќе од останување на исто ниво на инвестициониот волумен на нивните компании членки. Исто така 31 сектори сметаат на стабилни бројки на вработените, а само осум стравуваат од растурање на работни места.

Песимистички поглед на новата година имаат пред се’ финансискиот сектор и енергетиката. Банките и осигурителните компании се најпогодени од должничката криза и од лошите прогнози за заемите на јужноевропските земји од еврозоната. Освен тоа, тие мораат да ја зајакнат својата основица на капиталот, поради новите прописи.

Производителите на енергија мораат да го надокнадат губитокот на енергијата, кој настана по намалувањето на користењето на нуклеарната енергија, по нуклеарната катастрофа во Јапонија. Затворањето на нуклеарните централи ќе продолжи. Потребно е да се изградат нови системи на обновлива енергија и да се модернизира електричната мрежа.

Автор: Клаус Улрих / Александар Методијев

Редактор: Борис Георгиевски