1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Што останува од годинешниов Светски економски форум?

36тиот Светски економски форум во Швајцарија заврши во неделата. Делегатите од средата мината недела во Давос дискутираа на теми од еконсмкиот развој на азиските држави преку иранската атомска до победата на радикалниот Хамас на палестинските парламентарни избори.

Ангела Меркел и Боно во Давос

Ангела Меркел и Боно во Давос

Повеќе економија, помалку политика. Ова беше мотото на годинешниов Светски економски форум. По пет дена интензивни дискусии во швајцарските планини, задоволниот туристички шеф во Давос Армин Егер истакнува

„Од наш поглед тоа беше голем успех. Како и секоја година присуствуваат врвни учесници. Беше добро посетен и за наша радост помина релативно мирно - со, да се надеваме добар аутпут во политиката и економијата. Многу сме задоволни што вака мина.“

Листата на учесници, со сигурност што се однесува од политичка страна, во споредба со минатите години беше значително намалена. Но организаторите на Светскиот економски форум можеа да се накитат со едно големо име: Ангела Меркел. Нејзиниот настап во средата го отвори форумот и воедно беше политичкиот врв на средбата. Со она што имаше да каже, ги помилува душите на водечки економски шефови

„Имам чувство, кога зборувам за Германија, дека ни е потребен поголем слободен простор. Поточно кажано дека ни е потребна поголема слобода. Работата, а тоа е нашиот централен проблем во Германија, на работатат и е потребен пораст, а на порастото слобода.“ истакна Меркел

Централна тема во Давос беше и Кина. Во текот на 36 средба дојде и веста дека економијата во Кина поврторно пораснала речиси двоцифрено. Лаура Тисон, ректор на лондонското бизнис училиште истакнува

„ Побарувачката, конзумот во Кина ќе порасне. Тоа ќе и помогне на светската економија, пред се кога конзумот кај Американците опаѓа. Натаму растечката побарувачка во Кина ќе ја донесе светскката економија во баланс. “

Кина како мотор на светската економија. Но дека Кина и натаму е неслободна земја, и дека економијата мора да подлежи на ограничување, за се дискутираше само на маргините на средбата во Давос.

Критиката или протест против форумот повеќе или помалку имаше надвор од Давос. Преку 5.000 војници и полиција го обезбедуваа местото. По петдневна размена на мислења, во неделата попладне како и секоја година се постави прашањето: Што останува од годинешниов Светски економски форум? Самокритични забелешки од шефот на Нестле Петер Брабек

„ Мислам, понекогаш нема реализацијиа на она што ние општо го договараме. Но тоа би го отсликувало духот на Давос. Понекогаш го застапуваме гледиштето, дека форумот сега би морало да зафати иницијатива. Мислам дека тоа не функционира така. До нас е. Секој треба да земе нешто од овде и тоа да го спроведе во дело.“