1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Што носи Нимиц во Скопје?

Медијаторот Метју Нимиц од Атина доаѓа на средби со македонскиот државен врв. Ќе се разгледуваат новите идеи кои би можеле да станат и конкретни решенија.

default

Од последната средба на Нимиц со државниот врв

По грчкото вето во Букурешт ова е трета рунда преговори на медијаторот Метју Нимиц со властите во Атина и Скопје. Тој денеска ќе има одделни средби со македонскиот претеседател Црвенковски и премиерот Никола Груевски. Ќе им ги претстави новите идеи кои ако се прифатливи може да станат и конкретни решенија на долгогодишниот спор. Околу името со македонскиот државен врв ќе разговара и заменикот помошник државен секретар на САД, Розмари Ди Карло. Според дипломатски извори се поизвесно е дека Македонија ќе се најде под зголемен притисок за скоро решавање на спорот, како и за прифаќање на компромисно име во кое ќе има географска одредница. Во таков случај, премиерот не отстапува од идејата за одржување референдум. Експертите во земјата пак предупредуваат, да не дојде до поделба меѓу населението, ако едни гласаат за, а други против.