1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Што носи Нимиц во Атина и Скопје?

Специјалниот посредник на ОН во спорот за уставното име на Македонија, Метју Нимиц, денеска попладне во Атина ја започнува новата рунда преговори, која утре продолжува во Скопје. Дали и што ќе донесе ново посетата на Нимиц, засега неможе да се прогнозира. Неговата посета предизвикува големо внимание и тоа не само во Скопје и Атина.

Атина

Атина

Посредникот на ОН Метју Нимиц попладнево во Атина треба да се сретне со шефот на грчката дипломатија Дора Бакојани, која деновиве ја повика Македонија да демонстрира позитивен однос кон спорот. Таа смета дека единствено заедничко прифатливо решение ќе придонесе за подобрување на билатералните односи.

Двете страни во изминативе години одбија неколку предлози на посредникот, како на пример оној за “Нова Македонија“ или Република Македонија-Скопје. Професорот по политички науки на универзитетот во Дуизбург Хајнц Јирген Акст, во интервју за Дојче Веле, подвлекува дека предлогот Република Македонија Скопје во принципи би бил прифатлив за двете страни. Проблемот за нивното неприфаќање тој го лоцира во медиумите:

Проблемот е во тоа што овие имиња премногу беа поттуркувани од страна на печатот и затоа беа одбиени. Значи ако се сака да се најде име, тогаш тоа треба да се направи преку тајна дипломатија, во тесен круг на политичари од двете страни, кои потоа треба да се потпрат врз тоа. Да се обидат да направат пробив против отпорот штоп сосема е јасно, ќе се појави и во двете земји. Сепак мислам дека е поважно Македонија да има перспектива за ЕУ. Поважно е Грција да има стабилна соседна земја на север и ако ова се стави во преден план во двете земји, тогаш може да се најде компромис. За мене тоа би можел да биде првиот предлог на Нимиц, но за жал тој предлог е отфрлен“

Професорот Акст вели дека не знае дали Нимиц во Атина и Скопје доаѓа со нов предлог:

“Можеби Нимиц ќе донесе изненадувања, зошто првиот предлог што го даде , според мене, во принцип би можел да биде прифатлив за двете страни. Вториот, напротив, наиде на голема задршка во Атина. Оттаму предлозите што ги дава Нимиц носат изненадувања

Македонскиот државен врв денеска треба да одржи консултации за да ја утврди заедничката позиција по ова прашање. Претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошовски според најавите ќе го потврдат единствениот став дека нема менување на уставното име на земјата. Црвенковски потенцираше дека државниот врв не смее да манифестира никаков сомнеж за разлики во спорот со името:

“ Значајно е на тие средби и разговори и владата на Република Македонија и функцијата претседател на државава да настапат со исти позиции, целосно усогласени и координирани, бидејќи секоја разлика, макар и во нијанса, може да биде протолкувана на погрешен начин“ рече Црвенковски

Инаку засега нема никакви детали околу агендатата на посетата на Метју Нимиц на Скопје.