1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Што носи влезот во Европската унија?

Членството во ЕУ, особено во европските бивши социјалистички земји, често се сфаќа како гаранција за благосостојба. Но, искуствата во некои од земјите покажуваат - таква гаранција не постои.

Најдоцна во еврокризата мораа да се распрснат и последните илузии дека членството во ЕУ значи и лична благосостојба за секој граѓанин. На почетокот на 2012 година Евростат, Европската статистичка служба, објави - 24 проценти од населението во ЕУ, што е околу 120 милиони луѓе, живее под товарот на сиромаштија или социјална изолација.

Речиси секој десетти Европеец (9%) едвај може да си дозволи да го купи најпотребното и не е способен да ги плати сите сметки. Освен тоа, ова се податоци кои се однесуваат на 2011 година. Многу земји во ЕУ со остри мерки на штедење почнаа една година потоа, а бројот невработени оттогаш се зголеми.

Така во 2013 година повеќе од 26 милиони жители на ЕУ барале, а не можеле да најдат работа. Состојбата со невработеноста меѓу младите е речиси трагична. Две третини од младите Грци под 25 години не можат да најдат работа, а не е подобро ни во Шпанија, Италија...

Кој да им верува на „големите статистики“?

Овие лоши вести од ЕУ се проширија и во Хрватска. Иако мнозинството граѓани на референдум се изјасни за пристап кон ЕУ, последните испитувања на некои хрватски медиуми покажуваат оти две третини од младите Хрвати се уверени - по влезот во ЕУ ќе им биде полошо од досега.

Faire Mobilität und Arbeitnehmerfreizügigkeit Symbolbild

Многу Полјаци доаѓаат како сезонски работници во Германија

Сепак, меѓу оние кои пристапија кон Унијата речиси нема земја во која во сразмерно краток период не се се зголеми националниот приход, па така и БДП по глава на жител. Се разбира, сомничавите веднаш ќе речат - еден милионер и стотина сиромашни во просек заработуваат одлично. Но, како живеат обичните жители? Дали паричникот им е пополн или попразен откако нивните земји пристапија кон ЕУ? Дојче веле спроведе мало истражување низ ЕУ. Благодарејќи на бројните редакции од централна и источна Европа, од тамошните дописници добивме одговори на прашањата кои тешко можат да се најдат во службените статистики: колку заработувал еден наставник пред влезот на неговата држава во ЕУ и колкава плата има сега? Колку чини млекото, колкави се пензиите?

Мала прошетка низ Европа

Експертите за статистика можеби ќе приговорат дека споредуваме „баби и жаби“. Зашто, добивме одговори од дописниците од Полска, Бугарија, Романија и Грција. Во однос на Грција не не‘ интересираше како било пред влезот во ЕУ, зашто веќе беше членка на Европската економска заедница кога во 1981 година пристапи кон европското семејство. Таму не‘ интересираше, како беше пред кризата и по почетокот на мерките за штедење, кои се дел од пакетот на ЕУ.

Навистина, разликите меѓу избраните земји се големи и тешко е да се прави споредба. Премногу често на пример се заборава што Полска има околу 38 милиони жители со што домашниот пазар е доволно голем да ублажи многу бури на светскиот финансиски пазар. Исто така, Грција никогаш не била социјалистичка држава каде претпријатијата мораа да ги исполнуваат плановите и петтолетките...

Конечно, ниедна од овие држави не може да се спореди со Хрватска, која освен приватизацијата, прежиева војна и воени разурнувања. Тоа е меѓу другото една од причините за повисоките издвојувања за здравствена заштита во однос на останатите земји во оваа анкета. Од друга страна пак, здравствениот систем на Грција, поради мерките за штедење, е практично на границата на најосновното.

А во Романија на пациентите им се „советува“ сами да се погрижат за лековите кои се посебно скапи. За жал, често се работи за лекови за тешки и долготрајни болести, на пример цитостатици за заболени од рак или за коктели на бројни скапи лекови за болни од сида.

Анкетата на Дојче веле покажа дека платата на еден наставник во Бугарија на пример во 2006 година била 230 евра, а во 2012 пораснала на 363 евра; во истиот период во Романија зголемувањето е од 311 на 337 евра, во Полска од 380 евра во 2003 се зголемила во 2012 на 564 евра; во Грција пак во 2008 била 1625, а во 2012 се намалила на 1050 евра.

Фабрички работник со полн пензиски стаж во Бугарија во 2006 година имал пензија од 129, а во 2012 од 240 евра; во Романија пензијата во истиот период од 166 нараснала на 203 евра; во Полска од 316 во 2003 година на 468 евра во 2012 година; а во Грција од 1220 во 2008 година, пензијата во 2012 се намалила на 992 евра.

Demonstration in Sofia Bulgarien

Бугарите протестираа поради високите цени на електричната струја

Литар млеко во Бугарија во 2012 година бил поскап за 57 проценти во однос на 2006 година - 94 центи; во Полска зголемувањето е дури 70 проценти - литар млеко во 2012 чинел 46 центи: во Романија млекото поскапело 79 насто од 2006 до 2012 година, сега литар чини 1,02 евра; а во Грција во 2008 цената била 57 центи, а во 2012 година - 1,35 евра.

Мерцедеси или траектни линии?

Генерално, социјализмот секако беше една од причините зошто земјите од Запад, значи од Европската економска заедница беа гледани како гаранција за благосостојба. Без влегување во дебати за идеологијата, може да се рече дека тамошното население беше навикнато и на одредени социјални повластици кои економски едвај се оправдливи. Поликлиниките, училиштата, старските домови, детските градинки, јавен превоз, помош на невработените, сето тоа чини пари и некој тоа треба да го плати. А жителите на Грција на болен начин мораа да сфатат - Европа не сака.

Точно е дека Брисел неуморно донесува нови правила, но тие не мора секогаш да бидат лоши. Полското искуство е дека квалитетот на животот воопшто се подобрил, дека повеќе се внимава на животната средина, подобрена е инфраструктурата, а членството во ЕУ на луѓето им нуди нови шанси. Но, секоја држава треба да се потруди нив да ги искористи, зашто никој тоа не може да го направи за неа.