1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што направи Обама за црнците во Америка?

Изборот на Барак Обама за прв претседател на Америка со темна боја на кожата беше во секој случај историски настан. Одушевувањето на Афроамериканците во САД беше огромно, исто и нивните очекувања од новиот претседател.

default

Барак Обама зазеде воздржан став што се однесува до бојата на неговата кожа. Темата за расната дискриминација во Америка ја допре за прв пат во екот на изборната кампања дури кога мораше јавно да се дистанцира од црнечкиот пастор Џеремија Рајт. Неговите проповеди, имено, имале елементи на дискриминација на белците и затоа можеа да му наштетат на угледот на претседателскиот кандидат.

Подоцна, веќе дојден на претседателската функција, Барак Обама на новинарско прашање во март годинава изјави: „При мојата инаугурација нашата земја беше горда на тоа што направивме уште еден чекор напред во надминувањето на болното минато, исполнето со расна дискриминација. Но, тоа држеше околу еден ден. Сега Американците ме оценуваат како што е исправно, според тоа дали можеме да ја подобриме ликвидноста на финансискиот сектор, да создадеме нови работни места, да и’ дадеме поддршка на економијата и да ја заштитиме безбедноста на земјата. И јас се занимавам со тие теми во моето секојдневие како претседател!“

Горди на „својот“ претседател

Barack Obama - South Carolina Vorwahlen

Кога требаше доби поддршка од Афроамериканците во земјата

Афроамериканците во земјата поинаку гледаат на реалноста. Тие се горди што еден од нив успеал да стигне до највисоката државна функција во САД. Нолан Ролинс, претседател на „Урбаната лига“, организација за човекови права во Њу Орлеанс што се ангажира за правата на црнците, вели: „Кога минувам по улиците на Њу Орлеанс гледам афроамерикански тинејџери кои носат маички на коишто е ликот на претседателот на САД. Такво нешто немало никогаш порано, тие ги носат маичките со фотографијата на Барак Обама и дури и со знакот на Белата куќа затоа што се горди на фактот што тој е еден од нив.“

Треба ли посебна политика за црнците?

Ликот на Барак Обама често се наоѓа и на насловните страни на американските списанија. Со тоа постепено се менува негативната слика што во американската јавност се создала за мажите од црнечко потекло, смета Андре Пери, декан на

Proteste gegen Gesundheitssystem USA

Протести за воведување општа здравствена заштита во САД

Институтот за образование со седиште во Њу Орлеанс. Според него, не е ни неопходно претседателот Обама да води посебна политика во полза на црнците. Тие и така ќе профитираат автоматски од сите политички мерки што ќе бидат насочени кон поголема социјална праведност: „Црнците профитираат од реформата на системот на јавни училишта, од реформата на здравствениот систем, како и од реформата на правосудството. Значи реформските настојувања на Обама не мораат воопшто да бидат именувани како мерки за црнечкото население. Посакувам претседателот Обама да ја реформира социјалната политика на оваа држава - и тој тоа и го прави“, оценува Пери, кој и самиот е од афроамериканско потекло.

Посоцијална Америка - поправедна Америка

И Обама очигледно е на истото мислење. Во говорот пред друга организација за поддршка на правата на црнците тој посочи дека расната дискриминација се’ уште е присутна во американското општество. Тој исто така нагласи дека реформите што ги

John F. Kennedy 1963 in Berlin

Ги освои срцата на сите Американци: претседателот Џон Ф. Кенеди

спроведува треба да им помогнат на сите малцинства во земјата. Обама се гледа себе си како претседател на сите Американци и добро е што е така, смета и Едвард Франц, професор по историја на Универзитетот во Индијанаполис. Социјалните групи секогаш сметаат дека треба да имаат некои посебни привилегии кога ќе се избере претседател од нивните редови.Кај Џон Кенеди тоа беа католиците, кај Франклин Рузвелт синдикалните организации, посочува Франц. Но, таквите очекувања не може да ги исполни ниту еден претседател: „Станува збор за нешто повеќе од 10% од вкупното население. Никој не може да биде реизбран на функцијата доколку ги застапува интересите само на тие избирачи!“

Претседател на сите Американци

Професорот Франц исто така нагласува дека не смее да се заборави оти голем број Американци го дале гласот за Обама, бидејќи не водел кампања само во полза на афроамериканското население. Значи, конечниот суд за тоа колкаво е влијанието на Обама врз надминувањето на расната дискриминација во САД ќе можеме да го донесеме дури по подолго време: „Проблемите со расната дискриминација не исчезнуваат туку така, затоа што некој афроамериканец бил избран за претседател на државата. Тоа беше и претходно јасно, иако некои црнци, па дури и белци се надеваат дека самиот избор на Обама за претседател ќе смени нешто. Дека проблемот не може едноставно да се избрише, покажува и случајот со професорот Хенри Луис Гејтс“, појаснува Франц.

„Пивски самит“

Biergipfel Flash-Galerie

Помирување со кригла пиво: Обама со гостите во градината на Белата куќа

Професорот Гејтс, што тој го спомнува, е афроамериканец и професор на угледниот Харвард Универзитет. Тој пред неколку месеци обвини еден полицаец за расна дискриминација, бидејќи го уапси професорот Гејтс во неговиот сопствен стан под сомнение дека бил провалник. При тоа не помогнал ни фактот што професорот Гејтс покажал лични исправи и со тоа докажал дека е станар во станот. На првичните информации за инцидентот претседателот Обама одреагира со паушална осуда дека постапката на полицаецот била „глупава“. За да се надмине возбудата во јавното мнение што се крена потоа, Обама го организира т.н. „пивски самит“, на кој тој и засегнатите во инцидентот џентлментски поразговараа за случајот и ги смирија страстите во јавноста.

Постепена промена

Се’ на се’ нема цврсти и непосредни докази за подобрување на положбата на црнечкото население во Америка по доаѓањето на првиот претседател со црна боја на кожата на функцијата претседател на државата. Но, не смее ни да се пренебрегне симболичкото влијание на претседателствувањето на Обама, смета професорот Франц: „Кога децата, се’ едно дали се црнчиња, бели или латиноамериканчиња, гледаат едноставно кој е претседател на државата, тогаш тие гледаат поинаква слика од дотогаш познатата. Тоа е многу суптилна, но сметам дека е сепак многу важна промена.“

Автор: Кристина Бергман / Горан Чутаноски

Редактор: Александра Трајковска