1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што му префрлува опозицијата на Саакашвили?

По војната во 2008 против Русија, во Грузија владееше граѓански мир. Грузиската опозиција не сакаше да го oслабува раководстовото во земјата. Ова е минато. Денеска опозицијата организираше масовни протести.

default

Демонстрации во Тбилиси (архива)

Повеќе десетици илјади луѓе во Грузија излегоа на протести против претседателот Михаил Саакашвили. На големите демонстрации пред седиштето на парламентот во главниот град Тбилиси попладнево се собраа најмалку 50 илјади луѓе. Илјадници демонстранти се собраа и во центарот на градот. Десетина опозициони партии повикаа на демонстрации, по повод 20 годишнината од задушување на протестите од страна на Советскиот сојуз, кога беа убиени 20 луѓе. Опозицијата бара и оставка на претседателот Михаил Саакашвили.

Меѓу партиите од опозицијата кои за денеска повикаа на масовни демонстрации е и радикалниот Деветпартиски сојуз, кој веќе ги организираше демонстрациите во есента 2007 година. Владата тогаш насилно ги растури протестите и го затвори единствениот телевизиски канал на опозицијата, што емитуваше програма на целата територија на земјата. Следуваа претседателски избори, на кои Михаил Саакашвили победи со тесно мнозинство, и парламентарни избори на кои владејачката партија „Национално движење за победничка Грузија“ осовои околу 80 проценти од местата во парламентот, односно мнозинство кое може да спроведе уставни промени. Опозицијата сметаше дека станува збор за манипулација на изборите. Таа освои 17 места, но не ги прифати. Секако не можат ништо да сторат во парламентот, вели Каха Кукава, еден од водачите на опозицискиот сојуз. Нивното место е на улица. „Кај нас во Грузија нема конкуренција меѓу политичките партии. Ни преостанува само отпорот против автократски режим.“

Поддршка од докажани политичари

Georgien Parlamentssprecher Nino Burdschanadse

Нино Будрџанадзе

Грузиската опозиција во изминатите месеци доби поддршка и од познати личности. На пример од Иракли Аласаниа, поранешен амбасадор на Грузија во ОН. Тој се смета за особено умерен во своите ставови и со други партии ја формираше „Умерената алијанса за Грузија“. Поддршка дојде и од поранешниот претседател на парламентот и некогашна придружничка на Саакашвили, Нино Бурџанадзе, која пред петипол години ја предводеше таканареченета „розева револуција“ и лани формираше партија. Нино Бурџанадзе се смета за еден од најверојатните наследници на Саакашвили.

На крајот на март биле уапсени дванаесет наводни членови на нејзината партија. Ним им се префрлува дека снабдувале одружје за преврат. Телевизиите, блиски до владата, емитуваа видео-снимка на која се гледа наводното тргување со оружјето. Меѓународни стручњаци сметаат дека снимките не може да се користат како доказен материјал. Нино Бурџанадзе се гледа како жртва на владата, која не се плаши од ништо. „Тоа беше обид на владата да ја дискредитира мојата политичка партија и мене лично, бидејќи се плашат оти Нино Бурџанадзе ужива авторитет во земјата и во странство. За среќа никој не веруваше во овие обвинувања. Целата опозиција застана зад мојата партија.“

Demonstranten stürmen Parlament in Tiflis

Демонстрантите во парламентот во Тбилиси во 2003 година

Освен ова, опозицијата му префрлува на Саакашвили дека ја предизвикал војната против Русија, минатиот август, со издавањето наредба да се бомбардира одментнатиот регион Јужна Осетија. Русија тогаш реагираше со воздушни напади. Повеќе од дваесет илјади Грузијци ги изгубија домовите. Оттогаш. Русија ги призна Јужна Осетија, како и вториот одметнат регион, Абхазија, за независни држави. За сето ова е одговорен Саакашвили, смета Бурџанадзе. „Сакашвили и` предаде на Русија дваесет проценти од грузиската државна територија. Поради негова грешка во август минатата година, Грузија ја изгуби можноста во блиска иднина да стане членка на НАТО. Тој ја затвори вратата за преговори со Абхазија и Јужна Осетија. Тој го уништи угледот на Грузија како доверлив партнер. Саакашвили би требало да поднесе оставка. Без сомнение. Тој и донесе толку многу несреќа на земјата,“ обвинува опозицијата.

Саакашвили нема да поднесе оставка

Georgien Michail Saakaschwili in Gori

Претседателот на Грузија Михаил Саакашвили

Саакшвили во меѓувреме најави дека нема да се повлече пред крајот на неговиот мандат во 2013 година. Фронтовите се заострени. Европската унија и Советот на Европа повеќепати ги повикаа двете страни на дијалог. Владата пред неколку денови и` понуди на опозицијата да преговараат за политичките рефоми, а натпартиска работна група би требало да го преработи законот за избори. Водечки претставници на опозицијата ја оценија оваа понуда како лицемерна. Тие саакаат само едно: оставка на претседателот. Кача Кукава од опозициониот сојуз вели: „Се` додека Саакашвили е на власт, со сите негови шефови на полицијата, државни обвинители и нелегални воени групи, овде нема да може да се оддржат слободни избори.“

Според опозицијата, демонстрациите ќе траат се` додека Сакашвили не понуди оставка. Но, на многумина Грузијци им е преку глава од револуции и не сакаат нови немири. Пред се’, тие не знаат што ги очекува доколку Саакашвили навистина поднесе оставка. Вистинска програма досега нема поднесено ниту една опозициска партија.

Автор : А.Т/дв

Редактор: Жана Ацеска