1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Што може политиката?

Финaсиската криза во стопанството во меѓувреме стана постојана тема, како во САД, така и во Европа. Во политиката, напротив, кризата се уште не е толку инволвирана.

default

Пер Штајнбрик се уште не сака многу да се меша

Повеќето политичари помалку или повеќе актуелните проблеми беспомошно ги посматраат и се прашуваат што воопшто можат да направат.

Политиката е на одмор и покрај финансиската криза. Во германското министерство за финансии барем портпаролот Торстен Албиг, по неколку дена велигденски одмор, повторно е на работа. Меѓутоа, на тема кризен менаџмент нема што многу да соопшти. Дали за време на празникот се разговарало за тоа како да се ублажи кризата? Албиг на прес-конференција изјави:

„Колку што знам, не„.

Се додека политиката е на одмор, важи она што пред Велигден го изјави министерот за финансии Пер Штајнбрик:

„Без сомневање имаме работа со наголемата финансиска криза што се појавила во последните децении и тоа не смее да се потценува. Меѓутоа, сметаме дека на нашата страна имаме позитивни фактори. Германската економија е во добра кондиција„.

Така и би морало да остане до колку Германија не сака да се најде во вртлогот на американската рецесија. За сојузната влада тоа е од големо значење зашто во идната година претстојат сојузни избори. Но, како да водат успешна изборна кампања демохристијаните и социјалдемократите ако конјунктурата во Германија заслабне, односно, ако фирмите се пожалат на лоши зделки, ако отпуштаат вработени и плаќаат помалку данок? Веќе сега министерот за финансии мора да смета дека поради финансиската криза во буџетот ќе се влеат чифт помалку милијарди евра од она што е предвидено со планот за 2008. Но, што може тој да направи? Штајнбрик акцентот го става врз соработката со банките:

„Ние во Германија се многу зависни од тоа да продолжи досегашната тесна соработка меѓу политиката, сојузната банка, банкарските здруженија и банките за да можеме да ги намалиме последиците врз Германија. Тоа е прашање на кризниот менаџмент„.

Тоа звучи како поголемо државно регулирање во финансискиот систем и поголема државна поддршка за кредитното стопанисување. И тоа поради добри причини. Зашто, ловот по профити на финансиските пазари од пред неколку години има поголемо влијание врз реалното стопанство, отколку што посакува политиката. Така, финансиската криза доведе до тоа банките да бидат повоздржани во давањето кредити за фирмите - што е фатално. На фирмите им требаат пари за да можат да инвестираат. Претседателот на работодавачите од металната бранша Мартин Канегисер од тие причини предупредува од намалување на конјунктурата. Во министерството за финансии тоа не го формулираат така. Портпаролот Торстен Албиг:

„Вие ја гледате јасната предност на банкарскиот систем што во Германија се потпира врз три столбови. Едниот се штедилницте, како и банките организирани како друштва. Тие придонесуваат за кредитирањето на средните фирми. Патем, токму тоа е јасната предност во однос на американското стопанство„.

Паролата во Германија и натаму гласи: да се издржи. Дали ќе биде така ќе зависи од тоа како ќе се развиваат финансиските пазари во наредните месеци и колку притоа ќе остане силно германското стопанство.