1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што може да стори ЕК во спорови со земјите-членки?

Спорови меѓу Европската Комисија и земјите-членки имало секогаш. Често тие се за технички детали, но понекогаш и за сериозни прашања, како сега во случајот со Унгарија. Какви средства за притисок има ЕК во таков случај?

default

Првата половина од 2011-та година беше напорно време за Виктор Орбан. Унгарија го имаше в раце претседателството со ЕУ. И унгарскиот премиер Орбан стоеше во фокусот на вниманието. Тој редовно на прес-конференции и пред Европскиот парламент мораше да се правда за законите, кои, според мислењето на критичарите, ја ограничуваат демократијата во Унгарија.

„Обвинувањето дека унгарската демократија не е во исправна состојба не можам да го прифатам. Тоа е напад.“

И тоа напад врз унгарството, како што Орбан на друго место констатираше.

Важна е поддршката на големите земји

По унгарското претседателствување во Брисел стана помирно. Орбан повеќе не мораше да се правда во Европскиот парламент. Но обвинувањата останаа и

Ungarn Premierminister Orban

Унгарскиот премиер Виктор Орбан

сега соработниците на Европската комисија проверуваат во кои случаи Унгарија го прекршува европското право. Потоа ЕК може да побара промени и да се закани со тужба пред Европскиот суд на правдата. Такви тужби Комисијата упатува често. Нивното дејство е ограничено, вели Даниел Грос, директор на Центарот за Европска политика од Брисел.

„Значи кога една влада пропуштила да спроведе директива за канцелариски материјали, доаѓа Европскиот суд на правдата и вели: ’Вие сега морате да плаќате по еден милион евра месечно се‘ додека го правите тоа.’ И тогаш владата вели: ’Добро, сега брзо ќе го спроведеме тоа.’ Наспроти тоа, кога станува збор за промена на некој устав, тогаш се појавуваат огромни пречки“.

Особено кога зад критиките не стојат големите земји-членки.

„Одлуката за тоа како ќе се постапува веројатно е замислена и донесена во Брисел од страна на ЕК, но сила за нејзино спроведување Брисел ќе има само ако зад неа стојат Берлин и Париз“.

Тешко се поднесува сопствената немоќ

Процеси за прекршување на европските договори, како што претходно беше наведено, Комисијата покренува многу често. Во 2010 година во тек беа повеќе од 2000. Актуелни бројки нема. Од повеќе од половина од процесите ЕК се откажува, бидејќи обвинувањата не се одржливи или затоа што погодените

Frankreich fliegt weitere Roma aus

ЕК беше немоќна во случајот со протерувањето на Ромите од Франција

држави попуштиле. Тешко станува во оние случаи за кои Брисел воопшто не е одговорен, како на пример слободата на печатот. Тогаш ЕК не ни може да утврди прекршување на европското право. Некои членови на Комисијата тешко ја поднесуваат сопствената немоќ. Како на пример еврокомесарката за правда Вивиен Рединг која жестоко го критикиваше протерувањето на романските и бугарските Ромите од Франција.

„Моето трпение е пред крај. Доволно е“ , се жалеше Рединг, која во 2010 година влезе во тежок спор со Франција. Таа нареди да се преиспитаат француските закони, а од друга страна претседателот Никола Саркози нареди нивна промена. Протерувањето на Ромите сепак се случи.

Во основа останува уште можноста да се утврдат повреди на основните вредности во ЕУ од страна на некоја земја-членка. Во тој случај државите од ЕУ усвојуваат санкции против одделна земја-членка.

„Тоа се разбира е како да се мавта со атомска бомба“, вели Даниел Грос. И затоа тоа досега не се случило. Во случајот на Унгарија останува уште еден ефикасен инструмент. На земјата и‘ се потребни пари од ЕУ поради тоа што е зафатена од финансиска криза. За тоа, меѓутоа, е потребна согласност од сите земји-членки и има сигнали дека сите ќе гласаат за тоа само ако Унгарија промени определени закони.

Автор: Кристоф Пресл / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска