1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Што може да се очекува од новиот руски Патријарх?

Новиот Поглавар на Руската православна црква, Кирил, германските експерти го сметаат за реформски ориентиран и политички искусен. Што очекува МПЦ од новиот поглавар на РПЦ?

default

Новиот Поглавар на Руската православна црква, Кирил

Кога најбројната и најмоќна православна црква во светот избира нов поглавар, тоа е несомнено голем настан за сите останати православни цркви. Македонската црква на која очајно и’ требаат пријатели, сојузници и лобисти во православниот свет го поздравува изборот на Владиката Кирил за нов руски поглавар и се радува, бидејќи смета дека со неговото востоличување добива потврден поддржувач.

Членот на Светиот архиерејски синод, владиката Климент, за Дојче Веле вели дека е оптимист. Тој очекува динамика во односите помеѓу Македонската и Руската православна црква и конкретни потези, со кои ќе биде потврдена руската поддршка за македонската црква трасирана во времето на Поглаварот Алексеј Втори.

Metropolit Kliment und Metropolit Kirill

Двајцата најголеми фаворити пред изборот: Климент и Кирил (десно)

„Ако некој ни е пријател, тогаш ќе треба со некакви конкретни потези и да го потврди пријателството. Знаеме дека во јули 2003 година Владиката Кирил беше дојде во ’словенскиот Ерусалим’, во Охрид и при посетата имаше средба со архијереите на Македонската православна црква, при што директно се запозна со македонската црковна вистина. Имам чувство дека тогаш спозна од прва рака што тоа се случува во Македонија и кој е носител на благодатниот и црковен живот во Република Македонија.“

Ќе посредува ли Кирил во спорот со СПЦ?

Во македонските црковни кругови новиот руски поглавар се смета за реформатор, па оттаму доаѓаат и очекувањата дека односите ќе се интензивираат, а руското медијаторство во однос на македонското црковно прашање ќе јакне. Аналитичарите се согласуваат со тезата дека поглаварот Кирил е добар познавач на духовниот живот во Македонија, но не очекуваат позначајни промени во политиката на Руската кон Македонската православна црква.

Највлијателната црква во светот може да ни помогне, но спорот со соседните цркви ќе мораме да си го решиме самите, вели црковниот аналитичар Даниел Димевски.

Russland, Moskau, Basilius-Kathedrale

Црквата на Свети Василиј во центарот на Москва

„Очекувам дека Патријархот Кирил е докажан наш пријател и дека ќе остане таков, меѓутоа неблагодарно е да се прогнозира, бидејќи и Српската православна црква традиционално одгледува одлични односи со Руската. Не очекувам дека тие меѓусебните односи ќе ги стават под знак прашалник со некакво избрзано решение, така што можат само да помогнат заеднички да го решиме проблемот. При тоа прва адреса е Српската православна црква.“

Македонската православна црква се бори за своето место во православниот свет. На патот до афтокефалност се испречува спорот со Српската православна црква, во чија суштина лежи проблемот со името на црквата.