1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што кога факелот ќе стигне на Тибет?

Вчера почна најдолгиот пат на олимпискиот факел во историјата на Олимписките игри. Меѓутоа, поради немирите на Тибет и организаторите на оваа манифестација се најдоа пред нова ситуација.

default

Моерно олимписко село, но како ќе се одвива Олимпијадата?

Со бомбастична церемонија во април минатата година беше соопштена рутата на факелот за летните олимписки игри. Факелот треба да мине 97 илјади километри преку 5 континенти, за потоа 97 дена да допре до секоја точка во Кина.

Патека на суперлативи, најави Лиу Ки од кинескиот олимписки комитет:„Темата на патеката на факелот е: патување на хармонијата. Мотото гласи: да се разбудат емоциите, да се споделат соништата.“

Ова патување на хармонијата сега, поради големите немири на Тибет, жестоко може да биде нарушено. Самите Кинези сметаат на демонстрации кога факелот од април ќе мине низ 19 градови надвор од Кина. Јианг Хсиојуе од организацискиот комитет на Пекинг:„Сите тие активности не се во согласност со повелбата на Олимпијадите, ниту со сите оние луѓе во светот што стојат зад олимпиското движење.“

Во мај факелот треба да го започне патувањето низ сите 31 кинеска провинција, секако и низ Тибет. Јианг вели дека тоа не е проблем:„Ситуацијата во Ласа се смири. Факелот ќе мине како што е планирано.“Факелот низ Тибет треба да мине двапати. Во мај алпинистите треба да го искачат на највискиот врв на светот, Монт Еверест. Организаторите велат, зенит на патеката на факелот. По вторпат ќе се појави на Тибет во јуни, во Ласа. Дали тоа вистина ќе биде патување на хармонијата останува да се види.