1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Што им носи на банките отписот на долгот на Грција?

Банките потклекнаа пред барањата на ЕУ самитот. Тие сега ќе се откажат од половина од своите побарувања кон Грција- и тоа доброволно. Конечно банките го прават тоа зашто е сепак поевтино од банкрот.

default

Поглед на облакодерите во Франкфурт- главно седишта на банки

Споредбата со посета на фризер е омилена, но т.н. „хер кат“ во Европа односно отписот на долгот ни оддалеку не е безопасен како нова фризура. За банките во прашање се многу пари. Тие веќе објавија дека ќе отпишат 50 насто од долгот на Грција. Таков е компромисот. Француските банки тоа ги погаѓа потешко од германските.

Француските банки поседуваат 40 милијарди евра во грчки државни обврзници, германските банки пак помалку од 15 милијарди. За споредба: Британските банки во Грција имаат инвестирано девет, а португалските седум милијарди евра.

Deutschland Stadt Frankfurt Architektur Gebäude EZB Euro Logo

Пред седиштето на ЕЦБ во Франкфурт

ЕЦБ со најголем товар во отписот

Од Германија во Грција се ангажирани банки под принудна управа на државата, т.н Бед бенкс. Повеќето други банки ги редуцираа нивните инвестиции. Дојче Банк и Комерц Банк заедно поседуваат 3,4 милијарди евра во форма на грчки државни обврзници. Најмногу отпишување меѓутоа треба да направи Европската Централна Банка.

Таа во мај 2010 купи грчки државни обврзници во вредност од речиси 169 милијарди евра и тоа при сопствен капитал од само 10,7 милијарди евра. Загубите од отписот на долгот мора повторно да ги пребијат централните банки на земјите членки- значи, во најголем дел даночните обврзници.

Остро кратење со цел долговите, различно од косата, да не растат повеќе.

Автор: Петер Возни/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковскa