1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Што значaт имињата?

Ономастика е наука за имињата, која ги изучува сите делови од јазикот, кој се занимава со личниот карактер на имињата. Во универзитетот во градот Лајпциг постои студиска катедра за оваа наука.

default

Студенти во Лајпциг, многу од нив се интересираат за науката за имињата.

Секој човек има сопствен лик, матичен број и лична карта. Се разбира дека составен дел од секоја личност е и нејзиното име. Иако секој човек има свое име, не сите знаат што точно тоа означува. Во универзитетот во градот Лајпциг постои студиска катедра, каде се изучуваат значењето и потеклото на имињата. Таа е единствена во Германија. За науката, која се занимава со изучување на имињата - ономастиката, интерес покажуваат и студентите од странство. Во Лајпциг, ономастика изучуваат околу 100 студенти, а новите бруцоши ќе се примаат од наредната есен.

Што проучува Ономастиката

Канцеларијата на асистентот на универзитетот во Лајпциг, Дитлинд Кригер е пренатрупана со книги и папки. Ваквата слика е типична за периодот од годината кога се оддржуваат испити. Кригер е единствен наставен кадар на факултетот. И покрај тоа што има многу обврски, таа сепак наоѓа време да објасни што значи поимот ономастика:

„Ономастика потекнува од грчкиот збор онома, што значи име. Таа е наука за имињата, која ги изучува сите делови од јазикот, кој се занимава со личниот карактер на имињата. Значи се’ што е именувано индивидуално - без разлика дали се тоа имиња на градови, реки, улици, луѓе, стока - посебноста е што се лични имиња, значи индивидуално обележувачки лингвистички знак.“

Universität Leipzig

Универзитетот во Лајпциг.

Студентите на универзитетот во Лајпциг повеќе од 15 години можат да го изучуваат значењето на имињата, но само како втор предмет. Овој начин на професионално доусовршување особено е привлечно за историчарите и германистите, кои со тоа добиваат можност за продлабочување на знаењето. Истовремено, на универзитетот во Лајпциг се намалува бројот на факултетите на кои може да се стекне диплома- магистер. Ова е причината поради која овие стручњаци мораат да се пренасочат на некој друг предмет. Слободни места на универзитетот ќе се отворат дури од зимскиот семестар во 2009 -та година. Сите оние кои во тој период ќе ги започнат студиите на крајот ќе се стекнат со диплома „мастер“. Со тоа ќе се продолжи традицијата, која впрочем започна пред 50 години на катедрата за славистика:

„На пример имавме еден наставник од Полска, кој дојде до следниов заклучок и велеше: ’овде се слуша шуштење во изговорот, исто како во мојата татковина, Полска. Мора да станува збор за словенски имиња’. Со тоа тој не поттикна да ги истражуваме словенските корени на имињата.“

Интерес има и кај странските студенти

Професорот од Полска со своите истражувања на потеклото и значењето на имињата, ја етаблираше ономастиката како посебна наука на универзитетот во Лајпциг. Инаку уште пред 50 години беше формирана и интердисциплинарна работна група од историчари и германисти, кои си поставија за цел да ја истражуваат ризницата со имиња во Германија, поточно во нејзинот источен дел.

Оттогаш па се’ до денеска, предавањата на факултетот по ономастика ги посетуваат многу странски студенти. Тие го изучуваат потеклото на имињата на географските места, литературната ономастика или значењето на имињата во светот. Еден од нив е Хонџуд Гирит, студент од Монголија. Откако ќе ги заврши студиите, тој планира да се врати во својата татковина и таму да продолжи да ги истражува имињата на местата и семејствата.

„Кај нас во Монголија, семејните и личните имиња се проблематични и многу измешани. Затоа сакам овде да ја научам теоријата која ќе ми помогне во тамошната работа. Словенските или германските имиња за мене се невообичаени, но интересни.“