1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Што е рецесија?

Според Заводот за статистика, бруто домашниот производ во Германија во третиот квартал од 2008-ма бил за 0,5% понизок отколку во вториот квартал. Во вториот квартал, пак, тој се намали за 0,4%. Земјата е во рецесија?!

default

Над Европа и САД се надвиснал духот на рецесијата. Според општата дефиниција за рецесија, една економија е во рецесија кога во два квартали едно по друго, во споредба со соодветните квартали од претходната година, економијата не бележи пораст, или пак, се бележи надолен тренд. Притоа, се мери вкупниот стопански учинок, т.н. бруто домашен производ и неговите промени. Според други, пак, поимот рецесија е многу потесен. Се вели дека не може да се зборува за рецесија само затоа што стапките на пораст во два квартали едно по друго се пониски отколку во соодветните кавртали од претходната година. Доколку поимот се сфаќа толку тесно, тогаш намалувањето на стапката на пораст во Кина од 11% на 9% во два квартали едно по друго веќе би морало да се опише како рецесија. Според построгата дефиниција, едно стопанство е во рецесија доколку во два квартали едно по друго навистина е во пад, значи бележи минус во стапката на пораст. И, токму тоа сега се случи во Германија - во два

19.02.2008 made in germany rezession

квартали едно по друго економијата забележала пад од 0,4%, а во третиот квартал од 0,5%.

Показатели за рецесија се и други параметри

Показател за рецесија се, на пример, и анкетите спроведени меѓу менаџерите и потрошувачите за тоа - како ја проценуваат актуелната состојба и иднината. Доколку проценките во две или повеќе анкети едно по друго се влошуваат, тогаш постојат силни индиции за пад на економијата. Освен тоа, економските здруженија вршат постојано анкети меѓу фирмите кои се дел од здруженијата. Доколку во нивните извештаи постои усогласен став дека побарувачката се намалува, дека магацините се полни, дека инвестициите се одлагаат, прекумерните работни часови се намалуваат, се даваат наредби за скратено работно време или запираат со работа одрени делови на претпријатијата, тогаш исто така се имаат цврсти показатели дека станува збор за рецесија.

DW.COM