1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Што донесе Европското првенство во фудбал?

Европското првенство во фудбал во Австрија и Швајцарија, донесе добар фудбал, но не и втора летна бајка, смета во коментарот Волфганг ван Кан.

default

13-то Европско првенство во фудбал, не беше една летна бајка, како за време на Мундијалот во 2006 година. Но без сомнеж, ова беше најдобриот шампионат во фудбал досега. За разлика од 2004 во Португалија, кога триумфираше дефанзивниот фудбал, шампионатот од 2008 беше најофанзивниот кој досега го виделе фановите. Главното мото гласеше-сите во напад.

Оние кои играа пред се за да не загубат, на крај беа губитници. Тоа беше првенствено репрезентацијата на веќе стариот Европски шампион Грција. Статистиката го потврдува овој став. на 31 натпревар, беа постигнати 77 голови.

Победува тимот, а не ѕвездите

Бевме сведоци на брз и убав фудбал. Сите тимови имаа свои ѕвезди, но за победа, освен звучни имиња, беше потребна хармонија и целосно функционирање на тимот. Ова беше и исклучително фер европско првенство, со многу малку тешки сцени со прекршоци и само три црвени картони.

Нови имиња, нови генерации

Во европскиот фудбал, очигледно на сцена стапува смена на генерации. Се појавија некои нови имиња, како Аршавин и Павличенко од Русија, или Нихат од Турција. Настрадаа тимовите кои во одредени фази од првенството, настапија со втор тим. Многу не го издржаа товарот на фаворит, а се потврди и старата поговорка дека натпреварот трае 90, или 120 минути. Тоа беше посебно воочливо во натпреварите на Турција.

УЕФА, најголем губитник

Најголем губитник на турнирот, покрај светскиот првак Италија и вицешампионот Франција, во прва линија е и УЕФА. Тоа можеби звучи парадоксално, ако се земе во предвид дека е остварен приход од 700 милиони евра. Се разбира дека УЕФА не можеше да го спречи невремето кое беше причина за прекин на преносот од полуфиналниот натпревар, но можеше да смисли нешто подобро од апсурдниот систем, во кој сите преноси се одвиваа преку центарот во Виена, а кој немаше резервни врски. Затоа за прекинот е одговорна УЕФА.


Не беше добар ниту квалитетот на тревата на терените. УЕФА и за тоа требаше да се погрижи. Конечно и гледачите пред малите екрани, се чувствуваа на некој начин измамени, бидејќи сепак успеваа да дознаат за работите како истрчување на навивачи на терен, или огномети на трибините, кои УЕФА забранува да се пренесуваат.

13-то европско првенство во фудбал е веќе минато. Играчите и навивачите во Европа, посебно во Шпанија, можат да слават, а УЕФА мора на поправен испит.