1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што да прави ЕУ за да остане во форма?

Долг е списокот на желби за подобра Европска унија. Но, воочливо е дека на врвот на списокот на желби на ЕУ се’ се врти околу парите.

На многу места луѓето со месеци размислуваат околу иднината на Европската унија. На списокот на желби на  Марио Драги, шеф на Европската централна банка, се најде банкарската унија. „Еден заеднички надзорник над банките е важен чекор кон интегриран банкарски систем“, објасни Марио Драги, претседател на Европската централна банка.

Првиот чекор - надгледувањето на банките, веќе е договорен. Но, станува збор за многу повеќе. Претседателите на Комисијата и на Советот на ЕУ, Барозо и Ван Ромпој, сакаат веќе по неколку месеци да се овозможи стабилизација и ликвидирање на банки и солидаризирање на долговите во форма на еврообврзници.

Belgien EU Europaparlament Guy Verhofstadt

Ги Ферхофстат

Претседателот на Франција Оланд ја смета идејата за добра, а Ангела Меркел не. Германскиот канцелар е за побавен приод и за никакво избрзување. На Европската комисија и’ е познат проблемот со различните интереси.

„Ние секако знаеме дека едни бараат поголема дисциплина, а други сакаат поголема солидарност. Столб на нашите предлози е дека ни се потребни обете работи. Потребен ни е процес на економска и монетарна унија, за обете да ги поврземе, повеќе солидарност и дисциплина“, рече Жозе Мануел Барозо, претседател на Комисијата на ЕУ.

Шефовите на држави или на влади треба да покажат во која насока ќе оди ЕУ во економските и финансиските прашања. Долгорочната цел е многу повисока.

„Потребен ни е систем со една европска влада, со многу поголема власт отколку што ја има сега Комисијата на ЕУ. Таа влада би ја контролирале два дома: парламентот, што ги претставува граѓаните, и вториот дом што ќе ги застапува државите, нешто како Бундестагот и Бундесратот во Германија“, вели Ги Ферхофстат, пратеник во Европскиот парламент.

Aussenminister Treffen Brüssel

Гидо Вестервеле

За вакви желби би морале да бидат променети договорите на ЕУ. Колку е веројатно тоа да се оствари веќе наскоро?

„Загрижен сум дека нема да оди напред, оти некои земји-членки веќе се во предизборен модус“, додава Ферхофстат, кој е и поранешен белгиски премиер.

На визијата за иднината на Европа работеше и германскиот министер за надворешни работи.

„Нормално е во време на економска криза да се зборува за бројки, буџети, стапки на пораст. Но, се’ повеќе вниманието се свртува кон вредноста на Европа, не само кон цената“, изјави Гидо Вестервеле, министер за надворешни работи на Германија.

Но, тоа не менува ништо, оти, како и секогаш, првенствено се во прашање парите.