1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што го подели христијанството на Западно и Источно?

За поделба на Западна христијанска црква со седиште во Рим и Источна во Константинопол, што се служи пред околу 1000 години, како и за можните патишта за нејзино надминување, прилог подготви Карола Хосфелд.

Папата и Вселенскиот Патријарх во Истанбул

Папата и Вселенскиот Патријарх во Истанбул

Турција е земја од голема историска важност за христијанството. Таму, во Мала Азија дури се наоѓаат темелите на движењето. При тоа многу важна улога му припаѓа на градот Константинопол или денеска Истанбул. Не случајно и ден денес токму таму се наоѓа седиштето на Екуменскиот Патријарх Вартоломеј. Тој е наследник на бројните Патријрси, кои во црковната хиерархија ја имаа улогата на втора фигура на христијанството по Папата во Рим. Поради тоа со тек на времето меѓу двата центра на моќ се развија остри и на моменти непормиливи битки за превласт. Теолошките, но пред се‘ политичките спорови и конфликти доведоа во 1054-та година до конечен раскол во Црквата Христова, на Источна и Западна. Тогашните водачи дури взамено се екскомуницираа, вклучувајќи ја и паствата на противникот. Дури во 60-тите години од минатиот век тогашниот Папа и Патријарх ги повлекоа клетвите и екскомуницирањето.

“Со Патријархатот во Константинопол Рим има малку проблеми во последниве децении. Патријархот Атенагора и Папапата Павле 6-ти ги повлекоа меѓусебните декларација за екскомуникација веднаш по вториот Ватикански концил во средината на 60-тите. Всушност двете цркви би требало да се повторно обединети од тогаш. Но, ние не чувствуваме ништо од тоа“ - појаснува историчарот Рудолф Грулих.

Денес православието го сочинуваат 15 самостојни цркви со Патријархат. По прашањата на верата и црквената структура тие се прилично слични. Но, мешусебните односи се сепак оптоварени со национално-црквени проблеми и тензии. Освен тоа и нивниот однос кон Католичката црква во Рим е прилично студен. Доколку обете страни сега сакаат единство, тогаш ќе мораат да направат отстапки:

“Мислам дека само некој како Бенедикт 16-ти, значи конзервативен теолог, кој се смета за верен војник на Католичката црква, може да се осмели да и‘ излезе пресрет на Православната“ - нагласува Грулих.

Впрочем актуелниот Папа уште од почетокот на понтификатот сигнализираше дека кога е во прашање екуменизмот, дека за него е важно единството со православието. Кон тоа доаѓа и фактот што единството на Европа е за него една од централните теми. Од почетокот на годината на ЕУ ќе и‘ припаѓаат и Бугарија и Романија, со цели 40 милиона православни христијани. Наслението таму во принцип е скептично настроено кон западниот либерализам, што е и причина повеќе за интензивирањето на дијалогот меѓу Западната и Источна црква. Што се однесува до можностите за нивно приближување, теологот Рудолф Грулих вели:

“Наспроти реформираната црква православните имаат посветување за бискупи, за свештеници, како и евхаристија во која е содржана трансформација, присутност на телото Господово. Кај евангелистичката црква тоа е премалку нагласено и затоа од гледна точка на Рим не може да дојде до зедничка богослужба, додека тие услови не се исполнети. Кај православните ваквите услови се исполнети.“

Значи има повеќе работи што спојуваат, отколку такви што ги раздвојуваат Западната и Источната црква. Но, има и отпори во обете цркви кон барањето компромисни решенија. Најкрупната разлика е ставот кон авторитетот на Папата, кого православните не го прифаќаат како од Бога и дотолку непогрешлив. Затоа до реалното повторно обединување на Католичката и Православната црква може да мине уште долго време.

Поврзана содржина