1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Штетите помали од стравувањата

Досега е потврдена смртта на десет лица, а повеќе од 50 се повредени. Иако властите стравуваат дека црната бројка е многу поголема, сепак последните информации од теренот зборуваат дека е избегната голема катастрофа.

default

Граѓани на Бенгкулу, Индонезија по земјотресот

Најновите информации од Индонезија велат дека властите го повлекле алармот за цунами по последниот потрес на островот Сулавези, кој бил со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала. Последниот од серијата потреси е далеку послаб од вчерашниот со 8,4 степени кој го погоди крајбрежниот регион на островот Суматра. Тој предизвика цунами бранови високи 3 метри. Најтешко е погоден градот Паданг од каде се јавува за повеќе урнати и оштетени објекти. Во голем број места има прекин на телефонската и на електричната мрежа. Спасувачките екипи го расчистуваат теренот, а на пат е и меѓународна помош.

Луѓето, сеуште не се враќаат во домовите. Евакуирани се и болниците, а пациентите се сместуваат во шатори. Потпретседателот Јусуф Кала ја пофали брзата и правилна реакција на населението од погодениот регион:

" Благодарни сме на населението од крајбрежниот регион. Тие реагираа многу бргу и по алармот за цунами се повлекоа на сигурно“

Задоволен од реакцијата на населението но и властите е и министерот за социјала Абуризал Бакрие:

" Луѓето повеќе се информирани за опасноста и проблемите предизвикани од земјотресите. Исто така и владата и локалните власти се на високо професионално ниво и навреме го предупредија населението. Вчеравечер се известуваа сите кои се наоѓаа на плажите да се засолнат бидејќи постоеше опасност од цунами бранови. Значи системот функционира, посебно по проблемите кои ги имавме со цунамите во 2004 година“

Инаку земјотресите во Индонезија ги почувствуваа и луѓето во соседните земји. Во Бангладеш изби паника поради можен цунами. Околу половина милион луѓе, според наводи на властите избегале во повисоките региони. Предупредувања од цунами беа дадени и во Индија, Малезија, Шри Ланка и Австралија.

Индонезија се наоѓа во т.н. огнен прстен, регион во кој има силна вулканска и тектонска активност. Во тешкиот цунами што се случи во декември 2004 година, само во индонезиската провинција Банда Аче загинаа 168 илјади луѓе.