1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Штедење и трошење во Германија

Стопанството во цела Германија лелека поради слабата побарувачка. Потрошувачите, може повремено да се слушне, треба помалку да штедат, а повеќе да купуваат за да и овозможат пораст на конјунктурата.

Мала посета на стоковните куќи - Карштат во Диселдорф

Мала посета на стоковните куќи - Карштат во Диселдорф

Според мислењето на банкарските експерти пак, приватните штедачи воопшто не се одговорни за сегашната осека на потрошувачката.

Во последните три години приходите на приватните домаќинства во Германија одвај пораснаа. Па, сепак вкупната парична моќ во минатата година порасна на околу 140 милијарди евра. Ова е резултат на една студија на созуот на народните банки и штедилници. Од две илјадитата година тоа соодветствува на пораст од скоро 20 насто годишно. Тоа значи дека приватната парична моќ расте десет пати повеќе од расположливите приходи. Овој пораст меѓутоа, според студијата, не е резултат на поголемото штедење на потрошувачите. Тие се многу воздржани во инвестирањето и во земањето кредити. Во рубриката приватни буџети според статистиката, спаѓаат и самостојните, слободните професии и приватните организации. Сета оваа група во последната година многу е воздражана во изградбата станови, опремувањето на бироата или во создавањето лекарска практика. Економските стручњаци тоа го поврзуваат со вкупната конјунктурна слабост. Оттаму, приватното штедење не може да биде одговорно за сегашната потрошувачка осека, вели Андреас Блај, експерт за конјунктурата од сојузот на народните банки и штедилници:

“Мислам дека штедењето не е предимензионирано во форма на страв за егзистенцијата. Причините за слабата потрошувачка практично се наоѓаат во стагнирањето на приходите“.

Меѓутоа, и натаму постојат значителни регионални разлики во сликата за моќта на домаќинствата, иако расчекорот меѓу богатите и сиромашните сојузни покраини во годините по обединувањето, според студијата, малку е намален. Во минатата година баварските домаќинства просечно располагаа со парични средства од околу 54 илјади евра, околу трипати повеќе од најсиромашната покраина Мекленбург Предпомеранија каде што просекот е 19 илјади евра. Пораснатите средства немаат директен ефект врз консумирањето. Андреас Блај не верува дека малопродажбата може да профитира од намалувањето на цените:

“Тоа во Германија не можам да го видам од едноставна причина што приватните домаќинства парите се повеќе ги насочуваат кон приватното обезбедување за старост. Оттаму нема да порасне ниту желбата за трошење“.

Долгорочно меѓутоа, заштедените средства можат позитивно да се одразат врз побарувачката. Ако порастот на извозот се префрли врз пазарната конјунктура и врз подрачјето на самостојните, тогаш во приватниот сектор може да порасне инвестирањето. Тогаш, на пример во градежништвото, може повторно да се зголеми приходот неопходен во Германија да се забрза и потрошувачката.