1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Штедење и пораст во фокусот на Г20

Со договор за намалување на државите долгови во индустриските земји во Торонто заврши Самитот на Г20. Во однос на реформата на финансиските пазари одлуката е одложена за следниот Самит во Сеул, Јужна Кореја.

default

Двојниот Самит на Г8 и Г20 во Канада заврши со договор за намалување на буџетските долгови. Тоа изненадува, дотолку повеќе што пред Самитот се разгоре дебата меѓу Германија и САД каков пат да се избере за излез од кризата: со нови задолжувања или со интелигентна политика на штедење. И очигледно во Канада, германската канцеларка Ангела Меркел успеа да се пробие со својот став. Раст преку намалување на долговите, гласи сега рецептот, кој би можел да му донесе некаква полза и на американскиот претседател Барак Обама. Договорот на осумте водечки индустриски нации, да ги намалат за половина своите буџетски дефицити до 2013 година, иако не е правно обврзувачки и на секого му е оставено да одлучи сам како ќе го стори тоа, сепак покажува дека Европејците со предупредувачкиот пример на Грција имале подобри аргументи.

G20 Gipfeltreffen in Toronto

Самитот Г20 во Торонто

„Временскиот план, до 2013 да имаме преполовивање на државните дефицити, е една сосема јасна излезна стратегија. Ние се откажуваме од програмите за поттикнување на стопанството, со кои направивме поголеми задолжувања и како индустриски земји до 2013 ги преполовуваме нашите долгови. Тоа е повеќе отколку што очекував зашто е многу специфично. И фактот дека ова беше прифатено од сите индустриски земји сметам дека е успех“, задоволно по Самитот, изјави канцеларката Меркел.

Остар отпор против данокот за финансиски трансакции

Таа меѓутоа немаше успех со предлогот за воведување на данок на светско ниво за финансиските трансакции. Тој наиде на остар отпор на пример од Канада, која не мораше да ги спасува своите банки со пари од даночните обврзници, но и земјите во економски подем како Бразил. „Земјите во економски подем сметаат дека не ја предизвикале оваа криза и затоа немаат за цел и не е нивна приоритетна задача да се занимаваат со тоа како да се надминат штетите од неа. Но севкупно важи дека веќе е постигнато многу на патот кон регулирање на финаниските пазари. Недостасуваат уште важни работи и затоа следниот Самит на Г20 ќе биде многу важен.“

Успешна изгледа дека беше идејата за воведување на данок на профитот на банките, која на пример беше поддржана од американскиот претседател Обама и од британскиот премиер Дејвид Камерон. Но најнапред Европејците ќе се обидат, да воведат данок на финансиските пазари во рамките на ЕУ или најмалку во рамките на еврозоната.

Автор: Хенрик Беме/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM