1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Штајнмајер подготвен да разговора за односите меѓу Грција и Македонија

Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер за ДВ потврди дека една од темите во неговите разговори во Атина е и Македонија. Карл Билд Ги повикува двете страни на конструктивност во преговорите

„Сигурен сум дека патувам за Атина добро подготвен. Секако дека мојата подготвеност се однесува и за односите меѓу Грција и Македонија за кои сигурен сум дека ќе се разговара. Со Грција ќе разговарам за сите отворени прашања - како оние што се однесуваат на Европската Унија, така и за економската криза и односите со соседите“, изјави Франк-Валтер Штајнмајер, одговарајќи на прашање на ДВ: дали на разговорите кои ќе ги води во Атина тема ќе биде и Македонија и грчката блокада на европските интеграции на земјата?
Пред посетата на грчката престолнина, тој вчера попладне во Берлин имаше разговори со шведскиот ресорен колега Карл Билд. ДВ го праша шведскиот дипломат: каков ќе биде неговиот ангажман за надминување на долгогодишниот спор кој ги попречува евро-атлантските интеграции на Македонија?
„Скопје и Атина треба да бидат конструктивни. Да бидат подготвени да направат компромис кој е евидентно во интерес на двете земји и со кој ќе се овозможи Македонија да ги започне пристапните преговори со ЕУ,

Carl Bildt

Треба добра волја да се „прекрши“ застојот на Македонија на европскиот пат. Карл Билд

кои ги сметам за неопходни. Тоа е потребно за стабилноста со што ќе се покаже дека земјата оди нанапред. Македонија подолг период е во застој кој сметам дека треба да биде „прекршен“. Но, затоа е потребна добра волја од двете страни: и од Скопје и од Атина“, подвлече за ДВ првиот дипломат на Шведска Карл Билд.
Министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмајер денеска и утре (9 и 10 јануари) престојува во грчката престолнина. на агендата на Штајнмајер во текот на двата работни дена се грчкото претседателство со ЕУ и финансиската состојба на Грција. За овие теми Штајнмајер ќе разговара со комплетниот грчки државен врв: претседателот Папуљас, премиерот Самарас, првиот дипломат Венизелос , со бројни пратеници и стопанственици, како и со група германски и грчки ученици.