Главна тема на разговорите меѓу претседателот на Авгамнистан Хамид Карзаи и шефот на германската дипломатија Франк Влатер Штајнмајер беше лошата безбедносна ситуација во земјата, пред се на југот.
Хамид Карзаи на една прес конференција
Домаќинот Карзаи изрази сериозна загриженост за развојот на ситуацијата и побара натамошна поддршка на германската влада. На тоа гостинот од Берлин возврати:
„Мислам дека авганистанскиот народ заслужил да не попуштиме во нашите настојувања да ги надминеме и овие проблеми. Кон тоа се насочени настојувањата на меѓународната заедница. Ние на Сверот од земјата, други на југот, во секој слуачј наша задача е сегашната несигурна ситуација да ја направиме побезбедна.„
Според Штајнмајер тоа е од голема важност не само за Авганистан, туку и за стабилизирањето на целиот регион.