1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Штајнмајер гостин во новоотвореното студио на авганистанската РТВ

При посетата на шефот на германската дипломатија на Авганистан беше предадено во употреба ново телевизиско студио на Авганистанската државата ТВ станица, изградено со германска помош.

Франк Валтер Штајнмајер

Франк Валтер Штајнмајер

Академијата на Дојче веле учествуваше исто така и во обуката на новинарите, кои од сега таму на лице место ќе произведуваат радио и ТВ програма. По тој повод во новото студио разговараа генералните директори на двете куќи Ерик Бертеман и Наџиб Рошан со шефовите на дипломатија на двете земји, Франк Валтер Штајнмајер и Рангин Дадфар Спанта.

Германско-авганистанските односи се доверливи и конструктивни, оценија двајцата министри за надворешни работи пред камерите. Германија ужива голема доверба и симпатија кај авганистанскиот народ, истакна шефот на дипломатијата Рангин Дадфар Спанта, кој 20 години живееше во Германија и пред една година дојде на високата функција:

„Очекувам од Сојузна Република Германија и понатаму да остане ангажирана и да соработува со нас. Потребна ни е и критика кога правиме грешки. Имаме обвврски кон меѓународната заедница што се однесува до човековите и правата на жените и посакуваме Германија да остане ангажирана на тој план и понатаму!„

Генералниот директор на авганистанската радио телевизија посочи пак на стравот од свртување на внимането на меѓународната јавност кон новите кризни жаришта, како што е Либан. Високиот гостин од Берлин на тоа возврати:

„На средбите во Петерсберг кај Бон почнавме процес кој беше и останува веродостоен, доколку се погрижиме за трајноста на нашите напори. Со оваа посета сакам да покажам дека Авганистан не треба да се чувствува напуштен, дури и ако очите на светската јавност се вртат на друга страна„ – нагласи Франк Валтер Штајнмајер.

Што се однесува до дебатата во германскиот парламент околу натамошното стационирање на војници во Авганистан, министерот порача дека безбедносната ситуација во Авганистан не е стабилна, ни оптимална, но дека политичарите во Германија се‘ уште можат одговорно да се заложат за присуството на германски војници во земјата. Тој потсети и на веќе постигнатото во рамките на меѓународната мисија ИСАФ:

„Мислам дека се‘ на се‘ можеме да се осврнеме на четири успешни години во регионот на Кундус, за кој се задолжени германските војници. Тоа на почетокот не беше воопшто лесна задача, особено во поглед на сигурноста, што останува централна тема и понатаму!„