1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Штајнмајер во Москва

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамјер денеска во својство на претседавач на Европската унија во Москва ќе има средба најнапред со неговиот колега Сергеј Лавров, а потоа веројатно и со рускиот претседател Владимир Путин. Средбата треба да спречи несупех на претстојниот самит Европска унија – Русија. Пред заминувањето за Москва, Штајнмајер изјави дека ситуацијата е компликувана. Постојат цела низа несогласувања што ја отежнуваат подготовката за самитот, изјави Штајнмајер.