1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Штајнмаер ја бранеше одлуката за случајот Курназ

Во случајот со затвореникот во Гвантанамо, Мурат Курназ, германскиот министер за надворешни Франк Валтер Штајнамер повторно ги бранеше ставовите на поранешната црвено зелена владина коалиција. Сведочејќи пред анкетната парламентарна комисија Штајнмаер изјави дека во 2002 година е утврдено оти Курназ преставувал можен ризик за безбедноста, поради што е исправа одлуката тој да не биде веднаш вратен во Германија.

„Тоа што ослободувањето на Курназ се случи дури во 2006 е одлука на американските власти. Обвинувањето дека тогашната сојузна влада или одредени лица во неа на каков било начин го продолжиле затворот е неосновано,“ изјави Штајнмаер.