1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Штајнмаер со апел до Русија и САД

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер ги повика САД и Русија да воспостават дијалог околу спорните американски планови за поставување систем за заштита од ракети во Чешка и во Полска . Довербата се гради само преку искрени разговори – порача Штајнмаер во Бундестагот. Истовремено министерот предупреди дека поставувањето ан ракетниот штит во Полска и Чешка може да води кон делби во Европа . Штајнмаер меѓутоа истакна и дека ја разбира желбата на САД да се заштитат себеси од напад со ракети од голем дострел.