1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Штајнмаер: Обвинувањата се авантуристички

Дали Германија со тоа што испратила агенти на тајната служба БНД во Багдад, учествувала во ирачката војна? Германскиот министер за надворешни работи, Штајнмаер, го отфрла обвинувањето, нарекувајќи го „авантуристичко“.

default

Франк Валтер Штајнмаер во 2003 година, како шеф на кабинет на канцеларот, беше надлежен за работата на тајните служби

Министертот за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, кој во време на воените дејства во Ирак, во 2003 година, беше шеф на кабинетот на германскиот канцелар и со тоа надлежен за тајните служби, одговараше пред парламентарната комисија задолжена за работата на тајните служби.

„Во војната не учествуваше и не загина ниту еден германски војник. Истовремено, во војната учествуваа сојузници. Наш став не беше да го прекинеме партнерството со САД и да се откажеме од членство во НАТО.“

Со овие зборови германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, ја образложи позицијата на Германија во ирачката војна пред членовите на парламентарната комисија задолжена за контрола на работењето на тајните служби. Затоа, како што објасни Штајнмаер, на САД и нивните сојузници им беа ставени

US-Army-Soldaten sichern das irakische Museum in Bagdad, Foto von 2003

Американски војници во Ирак

на располагање бази и им беа дадени дозволи за прелет на територија. И, се разбира, продолжена е соработката со САД во размената на информации. Дел од ваквата соработка е испраќањето на двајцата агенти на тајната служба БНД во Ирак и стационирањето на друг соработник на БНД во американскиот главен воен штаб во Катар. Штајнмаер ваквата одлука ја образложи со зборовите дека се настојувало да се добие слика за состојбите во Ирак.

Опозицијата напаѓа

„Најголемата грижа, со оглед на војната што се водеше, ни‘ беше не само да не се распадне Ирак и целиот регион да стане нестабилен, туку и тоа Ирак да не стане центар на терористички мрежи“, изјави Штајнмаер.

Според него, најголемиот дел од стравувањата се обистиниле. Опозицијата е убедена дека барем дел од координатите на цели што агентите на БНД им ги лиферувале на САД се искористени за американски бомбардирања. На тоа министерот одговори дека „тврдењето е смешно“.

За Ханс - Кристијан Штребеле, член на парламентарната

Hans-Christian Ströbele

Ханс-Кристијан Штребеле (Сојуз 90/Зелени)

комисија од Партијата на зелените, нема сомневање дека Штајнмаер е одговорен поради тоа што...

„Не се погрижил во доволна мера важни воени информации од Багдад да не му бидат предадени на главниот штаб на Американците.“

Што изјави американскиот генерал?

Опозицијата смета дека нејзините ставови за улогата на агентите на БНД за време на ирачката војна се потврдени со изјави на високи претставници на американските сили. Генерал Џејмс Маркс во едно интервју за магазинот „Шпигел“ изјави дека информациите имале непроценлива вредност. Врз основа на германски информации, според него, се претпочитал почеток на војната, за да се заштитат нафтените постројки во Ирак.

Сето тоа се тврдења на кои не треба да им се верува, смета членот на парламентарната комисија од редовите на СПД, Михаел Хартман.

„За мене се тоа обиди за реванш на американската администрација која си заминува, ништо повеќе и ништо помалку. Кога на маса ќе има нови факти, ќе се соочам со нив, но нема да се соочувам со пропагандата на господин Буш и другите.“

DW.COM