1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Штајнмаер и Јунг во Бундестагот се заложија за продолжување на ангажманите во Авганистан

*

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер во Бундестагот се заложи за продолжување на мандатот на Бундесверот во Авганистан. За да не се загрози веќе постигнатиот напредок во обновата, со оглед на безбедносната состојба во Авганистан покрај цивилната помош и натаму е неопходен воен ангажман, рече Штајнамер при дебата за продолжување на ИСАФ мисијата и мандатот на торнадата. Сличен став има и министерот за одбрана Франц Јосеф Јунг. Опозицијата е поделена по однос на прашањето за продолжување на мандатите. Гласањето е планирано за 12 октомври. Советото за безбедноста на Обединетите Нации во текот на ноќна го продолжи ИСАФ мандатот за една година.