1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Штајнмаер и Фереро Валднер во Либија

*

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер и европската комесарка за надворешна политика на ЕУ Бенита Фереро Валтнер се во дводневна посета на Либија. И двајцата пружаат напори да посредуваат во случајот со бугарските медицински сестри и палестинскиот лекар осудени на смрт, да влијаат за нивно скорешно осоклободување. Синот на шефот на државата Муамар Гадафи, Саиф ал Ислам, по срдбата со Штајнмаер и Фереро Валднер позитивно ја оцени иницијативата на Европејците и смета дека може да се дојде до спогодбено решение. Медицинските сестри и лекарот во Либија се осудени на смрт, бидејќи наводно инфицирале 400 деца со вирусот ХИВ. Според експертите за сида, причина за заразувањето се лошите хигеиенски услови во болницата во која работеле.