*
Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер изрази претпазлив оптимизам за претстојната блискоисточна конференција во САД. Тој не очекува чуда, но се надева дека конференцијата ќе го забрза процесот на формирање на палестинска држава. Надеж за пробив во Анаполис изрази и рускиот претседател Владимир Путин при средбата со италијанскиот премиер Романо Проди во Москва. Кратко претходно шефот на Хамас Исмаил Ханија ја прогласи конференцијата за мртвороденче.