1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Штајнмаер-Задоволство поради неуспехот на Ле Пен

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер изрази задоволство што десниот екстремист Жан Мари Ле Пен не успеа да се пласира во вториот круг од претседателските избори во Франција . Смирувачки ефектот дека Ле Пен е поразен – изјави Штајнмаер пред почетокот на средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург . Десноесктремистичкиот кандидат за претседател на Франција на вчерашниот прв круг од изборите освои само 10, 5 насто гласови , а покрај него од трката испадна и либералот Франсоа Бајру со освоени 19 поени. Во вториот круг од изборите што ќе се одржи на 6 мај ќе учествуваат конзервативниот кандидат Никола Саркози со 31 насто и социјалистката Сеголен Ројал со речиси 26 проценти освоени гласови.