1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Штајнмаер е против вето за Македонија во НАТО

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер се надева дека пред самитот на НАТО ќе се пронајде решение за грчко македонскиот спор со името.

default

Антонио Милошоски и Франк Валтер Штајнмаер на Брдо кај Крањ

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, по самитот на министрите во Брдо изјави дека е против вето за приемот на Македонија во НАТО. Тој за македонската програма на Дојче Веле нагласи дека Германија и други европски земји активно работат на изнаоѓање на решение за проблемот со името.

„Македонија за нас е важно прашање и како што знаете активно работиме на решавање на проблемот со името за да може веќе подготвените одлуки за членство во Букурешт да се реализираат, секако и за Македонија. Според нас тоа може да биде важен фактор за стабилноста на земјата и затоа до почетокот на самитот на НАТО нема да се откажеме од потрагата по решение за овој спор, рече Штајнмаер и додаде:

„Се надевам дека ќе ни успее и дека по Самитот во Букурешт ќе можеме да кажеме дека Македонија и припаѓа на Алијансата“, изјави шефот на германската дипломатија Штајнмаер за македонската програма на Дојче Веле, по министерската средба во Брдо кај Крањ.

DW.COM