1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Штајнмаер во Њујорк

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер денеска ќе зборува во генералното собрание на ОН. Синоќа тој се сретна со американскиот министер за надворешни работи Кондолиза Рајс и колегите по функција од земјите членки на советот за безбедност. Во фокусот на разговорите, Блискиот исток и нуклеарниот спор со Иран

Германскиот министер за надворешни работи посебно ја земал во предвид состојбата на Блискиот исток пред се заради мировната мисија во Либан. Штајнмаер сака блискоисточниот квартет повторно да проработи во насока кон приближување на израелците и палестинците. За тоа се заложил и во разговорите со американскиот колега Кондолиза Рајс

„ Се чини дека полека се удоволува на нашите напори повторно да заживее квартетот. Оваа недела ќе се одржи првата средба на земјите членки на квартетот, Русија, ОН, САД и ЕУ на која ќе се разгледа дали има шанси за заживување на блискоисточниот мировен процес

Продолжени се преговорите со Иран во врска со неговата атомска програма. Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во говоро пред генералното собрание на ОН, нагласи дека неговата земја ќе ја користи атомската енергија само во мировни цели. Тој ги обвини САД дека го го злоупотребува советот за безбедност како инструмент за закана и притисок. Штајнамер сега очекува сигнал од Иран

„ Се разбира дека е нагласено дека доколку сите наши настојувања останат безуспешни тогаш нема да се откажеме од советот за безбедност. Заради тоа на Иран треба да му биде јасно дека сега мора да даде позитивен сигнал. Во спротивно за кратко време за тоа ќе се разговара во советот за безбедност„

Денеска на маргините на генералното собрание на ОН ќе се состанат и министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО на која ќе се разговара за состојбата во Авганистан каде Алијансата планира испраќање на дополнителни 1000 војници. Штајнмаер очекува разговори на таа тема но не и испраќање на војници:

„ Не мислам дека дискусијата ќе се искористи за да се изврши притисок врз државите членки на Алијансата за да најават натамошен придонес во воениот контингент во Авганистан. Тоа мора да биде подготвено на поинаков начин. Во таа насока ќе размениме мислења за тамошната ситуација„