1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Штајнмаер во САД

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер утрово замина во прва посета на САД. Во Њујорк новиот германски министер ќе разговара со генералниот секретар на ОН Кофи Анан, пред Штајнамер да замине за Вашингтон каде ќе се сретен со америкаснкиот државен врв предвидени се разговори со претставниците на еврејската заедница.

Франк Валтер Штајнмаер

Франк Валтер Штајнмаер

Денешните разговори со генерланиот секретар на ОН Кофи Анан треба да ја подвлечат поддршката за водечката улога на Светската организација во решавањето на глобалните прашања.

На разговорите во вторник, Штајмаер со неговата америкаснка колешка Кондолиза Рајс пред се ќе разговара за трансатлантските осноси, но ќе се споменат и темите Ирак и Иран. Како особено чувствителна важи темата за наводните затвори на американската тајна служба во Европа. Штајнамер пред да замине со оглед на извештаите во медиумите реагираше со изјава но остави отворено дали затворите на ЦИА ќе бидат тема на неговите средби во САД. Во секој случај сојузната германска влада очекува САД да заземат став по ова прашање. Патувањето на министерот за надворешни работи во САД треба да го подготви треренот за посетата на канцеларката Меркел, која во јануари треба да се сретне со американскиот претседател Џорџ Буш.

Со Франк Валтер Штајнмаер на кормилотот на германската дипломатија доаѓа човек, кој ќе ја продолжи политиката на поранешниот министер Јошка Фишер. Штјнмаер често ги придружуваше поранешниот канцелар Шредер и екс министерот за надворешни работи Фишер на нивните патувања во странство. Главни точки на полтиката на Штајнмаер ќе бидат ЕУ, Атомскиот конфликт со Иран и токму одобрите односи со САД. Министерот Штајнмаер пред неколку денови ја најави посетата на САД нагласувајќи:

„Пред крајот на годината ќе патувам во Соединетите Американски Држави. Таму ќе нагласам дека сме блиски пријатели и сојузници и дека тоа и ќе останеме. Не само што имаме заедничка историја, која не поврзува, туку и интереси, почнувајќи од борбата против тероризмот па до оружјето за масовно уништување. Имаме заеднички интереси во Авганистан, на Блискиот исток и конечно за стабилизација на регионот на средниот исток“ истакна германскиот министер за недовершни работи Франк Валтер Штајнмаер.