1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Штајнмаер во Кундус

Три дена по смртоносниот напад врз германските војници во Авганистан , во кратка посета на базата на Бундесверот во Кундус престојува шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер. Тој го пофали ангажманот на германските војници и истакна дека во Авганистан нема сигурни зони. Тој истовремено упати на досега постигнатиот напредок во обновата на Авганистан по соборувањето на режимот на Талибанците во 2001-ва година.