Штајнмаер вети европска помош за Израелците и Палестинците | Вести | DW | 02.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Штајнмаер вети европска помош за Израелците и Палестинците

*

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, ги повика Израел и Палестинците да не ги пропуштат шансите за напредок во мировниот процес и на двете страни им вети европска помош на патот кон мировни разговори. Европа сака да даде придонес доколку тој придонес е посакуван од двете страни и доколку е од помош, изјави Штајнмаер по разговорите со неговата израелска колешка, Ципи Ливни во Тел Авив.