1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Штајнбрик кандидат за канцелар на германските Социјалдемократи

Неполна година до одржувањето на парламентарни избори во Германија Социјадемократската партија на партиски конгрес во Хановер го номинираше Пеер Штајнбрик за кандидат за канцелар.

Пеер Штајнбрик официјално е кандидат за канцелар на Социјалдемократската партија на Германија на парламентарните избори што ќе се одржат во 2013 година. На вонредниот партиски конгрес во Хановер за номинацијата на Штајнбрик се изјаснија 93,45 проценти од 600 делегати присутни на конгресот.

Претходно кандидатот за канцелар одржа 105 минутен говор. „Нашите вредности не се менуваат: слобода, правдност, солидарност. Обврзувајќи се на овие вредности се кандидирам за сојузен канцелар на Сојузна Република Германија“, изјави Штајнбрик на почетокот на неговиот говор. Секогаш кога се на власт социјалдемократите, во оваа земја било подобро, подвлече политичарот од СПД. Во својот говор тој особно се заложи за надминување на социјалната поделба во Германија.

Со јасна контрапрограма на актуелната црно-жолта владина коалиција Штајнбрик имено сака да ја одвете неговата партија во канцеларскиот кабинет. Тој притоа еднозначно се заложи за коалициски сојуз со партијата на Зелените. „Време е за промена“, изјави Штајнбрик. Кандидатот за канцелер исто така повтори, дека доколку дојде до формирање на голема коалција како во легислативниот период 2005-2009 година, тој не стои на располагање.

„Напредок преку образование и работа“

Ausserordentlicher Bundesparteitag der SPD Hannelore Kraft

Ханелоре Крафт, премиерка на Северна Рајна Вестфалија

Покраинската премиерка на Северна Рајна Вестфалија, Ханелоре Крафт го отвори вонредниот партиски конгрес во Хановер. Осврнувајќи се на неодамнешниот реизбор на канцеларката Ангела Меркел за претседател на ЦДУ, Крафт рече дека христијано-демократите пропаднале во едно „Изборно здружение - Меркел“. Ним им недостасувал јасен содржински компас.

Ausserordentlicher Bundesparteitag der SPD Sigmar Gabriel

Зигмар Габриел, претседател на СПД

По четири години постојана кавга во владата конечно централна точка повторно треба да биде општото добро, изјави пак претседателот на СПД Зигмар Габриел. Со оглед на економските проблеми, нема да биде лесно да се води владата, подвлече Габриел. Кандидатот на неговата партија Пеер Штајнбрик меѓутоа стои за „напредување преку образование и работа“. Тој особено ги поздрави поранешните канцелари Хелмут Шмит и Герхард Шредер.

На крајот на октомври претседателството на СПД едногласно го номинираше поранешниот министер за финансии Пеер Штајнбрик за предиазвикувач на канцеларката Ангела Меркел.

Својата владина програма СПД ќе ја усвои на 14. април на вонреден партиски конгрес во Баварија. За централните теми на изборната кампања вчера во Хановер разговараше претседателството на партијата. Кон нив се вбројува и барањето за утврдување на минимална плата и минимална пензија, за да се спречи сиромаштија во староста и зголемена поделба на општеството.