1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Штајнамер во мисија во кризниот регион

На Блискиот Исток од синоќа престојува германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер, кој во текот на денов во Ерусалим треба да разговара со израелскиот пртемиер Ехуд Олмерт и министерот за одбрана Амир Перец. Подоцна во денот е предвидена и средба со палестинскиот претседател Махмуд Абас. На разговорите според најавите ќе учествува и американскиот државен секретар Кондолиза Рајс.

Франк Валтер Штајнмаер

Франк Валтер Штајнмаер

Германија, според зборовите на сојузната канцеларка Ангекла Меркел нема да преземе класична улога на посредник во блискоисточниот конфликт. Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнамер посетата на Блискиот исток ја започна со посетата на Каиро, Египет. Актуелната состојба во Либан доминираше на разговорите со египетскиот колега Абдул Геит.

Штајнамер нагласи дека состојбата е алармантна:

„ Се разбира дека сме загрижени заради големиот број цивилни жртви, како и развојот на хуманитарната ситуација во земјата„

Заради тоа според Штајнамер е неопходно да дојде до смирување на состојбата. Потребно е да се создадат предуслови. Во таа наска шефот на германската дипломатија се осврна на пртедлогот на генералниот секретар на ОН Кофи Анан кој содржи повеќе елементи кои би можеле да водат кон прекин на судирите:

„ Ние мораме да создадеме услови со цел оружјето да запре и да се создаде политичка рамка за трајна стабилност во регионот. Не можеме да дозволиме екстремистите постојано да бидат на дневниот ред и да ги одрдеуваат случувањата на Блискиот исток„ рече Штајнмаер

Египетскиот колега Абдул Реит беше конкретен. На почеток во секој случај е неопходен прекин на оружените дејствија, но истовремено мора да се изврши и размена на затворениците меѓу Израел и Хезболах:

„ Прекинот на опгнот мора да биде пропратен со повеќе паралелни чекори. Еден од нив е и размена на заробениците. Ако тоа се случи, ќе запрат и оружените судири. Размената на затворениците мора да се случи веднаш, а не во иднина„