1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Штајнамајер предупреди од заострување на борбата за превласт во Украина

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер за време на посетата на Москва оцени дека „ескалацијата на ситуацијата во Украина никому не е во интерес“.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер предупреди од ескалација на борбата за превласт во Украина и ги повика сите страни на воздржаност. По средбата во Москва со неговиот руски колега Сергеј Лавров, Штајнмајер истовремено предупреди од натегањето околу од криза погодената поранешна советска република. Русија и ЕУ не смеат постојано да ја ставаат под притисок Украина, да се одлучи за едната или другата страна, рече германскиот министер.

Сергеј Лавров пак ја повтори неговата критика за влијанието кое го вршат САД и ЕУ во Украина. „ЕУ и САД говорат за слободен избор, ама секојдневно испраќаат емисари во Киев за да го привлечат украинското раководство на своја страна“, истакна Лавров. Според него Москва се согласува со меѓународни посредувачки напори во Украина, доколку тоа го сакаат и владата и опозицијата во Киев.

Одлуката на украинските власти да го суспендираат потпишувањето на договорот за придружување и слободна трговија со Европската унија и решението да побара економска помош од Русија, кон крајот на ланскиот ноември предизвика протести. Тие во јануари излегоа од контрола, при што загинаа тројца демонстранти. Нивната смрт се испитува. Исто така двајца полицајци беа пронајдени мртви, додека најмалку петстотини лица беа хоспитализирани со сериозни повреди.

Центарот на украинската престолнина Киев од тогаш е заземен од демонстрантите коишто подигнаа барикади, додека украинските власти по предупредувањата од западот за прекумерна употреба на сила, не се обидуваат да го расчистат Плоштадот на независноста од демонстрантите.