1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Штаерска културна навигација

Она што за возачите на автомобили е сосем нормално, отсега постои и за оние кои се занимаваат со културните настани во австриската сојузна покраина Штаерска- навигациски систем.

default

Не постои навигација само за возачите

Навигација за сите кои ја сакаат културата и кои не сакаат да пропуштат некој културен настан во својата околина- тоа сега ги радува жителите на Штаерска. На интернет постои навигација која постојано се обновува со најновите понуди. Под адресата "kulturnavi.at“ постителите можат да внесат поими во пребарувачот и ќе добијат информаици за претставите, локациите на кои се случуваат културните настани, но и адреси на културните институции и уметници.

Предноста на навигацијата е едноставна: печатена брошура за една до две години застарува и мора да се препечатува, додека навигацијата на интернет може постојано да се обновува и „храни“ со нови информации и да се вршат исправки, а тоа и се врши во едногодишната фаза на тестирање.

Flash-Galerie Stadt Graz Kunsthaus Graz

Уметничкиот павилјон во Грац

Интерактивниот водич за култура е подобрен и дополнет, стана индивидуален водич за културата, вклучувајќи дури и кулинарски совети.

„Предноста е што во целиот проект се повикуваат и вклучуваат и стручњаци, кои всушност се коавтори и кои водат на одредени рути посветени на одредени теми или едноставно предлагаат одделни теми и сами ги креираат. Така постои литературна рута, потоа посебна рута на тема денешната уметност во јавен простор или посебни рути на тема музика“, објаснува Ангелика Ваути-Шојхер, шеф на проектот за навигација за културата во Штаерска.

Освен тоа, навигацијата за култура нуди совети, препораки и идеи каде може добро да се јаде и да се пие, каде можат да се навабат регионални производи и каде да се преноќи, истакнува Ваути-Шојхер.

Автор: Ален Леговиќ/ Жана Ацеска

Редактор: Е.М.Фиданоска