1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шри Ланка нема да дозволи истрага за воени злосторства

Mинистерот за економски развој на Шри Ланка, Басил Рајапаксе, кој е брат на претседателот Махинда Рајапаксе, ја отфрли меѓународната истрага и обвинувањата за воени злосторства на крајот на граѓанската војна во земјата.

Министерот рече дека Шри Ланка дефинитивно нема да дозволи истрага. „Зошто треба да има меѓународна истрага? Ние ќе се спротивставиме на тоа. Дефинитивно ние нема тоа да го дозволиме“, рече министерот Рајапаксе.

Неговата изјава доаѓа откако британскиот премиер Дејвид Камерон (на насловната фотографија) изјави дека ќе инсистира на меѓународна истрага преку Советот за човекови права на ОН, доколку владата до месец март не ги расчисти обвинувањата дека 40.000 тамилски цивили се убиени во последните фази од војната во 2009 година. Тогаш беше ставен крај на 27-годишниот етнички конфликт во земјата.

Повикот до властите во Шри Ланка беше упатен од самит на Комонвелтот во Коломбо. Британскиот премиер во својот говор предупреди дека неговата земја нема да се воздржува во поддршката на истрагата од страна на Советот за човекови права на ОН, доколку владата во Шри Ланка не направи „кредибилна, транспарентна и независна“ истрага до крајот на март следната година.

Sri Lanka Präsident Mahinda Rajapakse

Претседателот Махинда Рајапаксе (на фотографијата), како и неговиот брат и министер за економски развој, ја отфрла меѓународната истрага

„Прифаќам дека е потребно време, но сметам дека е значајно работата да се стави на прав пат. Ова прашање нема да исчезне. Тоа е прашање од меѓународно значење“, додаде британскиот премиер. Камерон нагласи:

„Дозволете ми да разјаснам – ако истрагата не биде завршена до март, тогаш ќе ја искористам нашата позиција во Советот за човекови права на ОН за соработка со Комисијата за човекови права на ОН и да побарам целосна, кредибилна и независна меѓународна истрага“.

Властите во Шри Ланка постојано негираат дека се убивани цивили за време на конфликтот во земјата и ги блокира барањата за меѓународна истрага на обвинувањата дека владините трупи извршиле воени злосторства врз Тамилите, кои живеат во регионот Џафна. Камерон беше вчера во посета на тој регион и се сретна со локални Тамили, кои велат дека загубиле се’ за време на конфликтот.